Кафе муабет
Мелина Џиновиќ го украде шоуто на роденденот на Северина: Сите гледаа во 29 години помладата сопруга на Харис!
Мелина блескаше на забавата на Северина...
Популарниот босански пејач Харис Џиновиќ (70) не ја пропушти големата прослава на 50-тиот роденден на мега популарната хрватица Северина.
Имено Харис ја почести Северина со неколку песни на нејзината јубилејна роденденска забава.
Во придружба на Харис дојде и неговата 29-години помлада сопруга Мелина Џиновиќ.
Прегрнати и насмеани парот спремно позираше на фотографите, а атрактивната Мелина во фустан со секси шлиц ги собра сите погледи.
Мелина последниве години ретко се појавуваше во јавноста, а неодамна откри дека зад неа е тежок период.
– Тешко ми беше да почнам од почеток, но сега се е зад мене. И покрај новите случувања во светот, чувствувам дека лошиот период е зад мене, и дека новата колекција никогаш не била подобра, изјави Мелина за Story.rs.
Како што се подобрува ситуацијата со пандемијата, дизајнерката продолжи со работа на странските пазари како што се САД, Дубаи и Бразил.
Харис и Мелина Џиновиќ се венчаа во 2014 година во Дубровник по 11 години врска и истакнуваат дека љубовта и почитта им се најважни.
– Рокерски сме ориентирани, па така живеевме. Бракот не мора да постои доколку чичкото од Општината го прогласи за валиден, објасни Харис.
Судбоносното „да“ го кажаа на 11 јули на луксузната јахта „Maltese Falcon“ укотвена во близина на Дубровник.
Иницијативата за официјализирање на врската била од кумата на Мелина, Славица Еклстон, поранешна сопруга на сопственикот на Формула 1, која од неофицијален разговор сфатила дека Џиновиќ официјално не се во брак. Во тој момент решила да ги земе работите во свои раце. Кум на Харис беше индустрискиот магнат Филип Цептер.
На свадбената церемонија присуствуваа триесетина гости, блиски пријатели и членови на семејството, па атмосферата беше интимна.
– Не го одредивме точното време на венчавката, но на палубата отидовме во самрак за да ја завршиме формалноста. Немаше нервоза или трепет, карактеристични за вакви настани. Со особена леснотија го зедов презимето бидејќи од 2003 година го сметам за свое. Џина и Кан беа пресреќни, присуствуваа на свадбата на нивните родители и на тој начин доживеаја нешто од што повеќето деца се лишени – изјави Мелина, која откри и интересна анегдота.
На свадбата на бардот на народната музика главен беше диџејot кој за таа пригода допатува од Белград. На почетокот се пушташе забавна музика, а потоа на барање на присутните микрофонот го зеде младоженецот.
– Ја испеав „Shoot down the Moon“, од Елтон Џон, омилената песна на Мелина. Славица сакаше да ја слушне „Како ми недостигаш“, а сопругата сакаше да ја слушне песната на Шабан Шаулиќ „Само за неа“. Тоа беше совршен микс, кој, како што се надевавме, се поклопи со вкусот на гостите.
Сепак Мелина откри дека има едно нешто што Харис не и го дозволува.
-Мојот сопруг не дозволува промена на бојата на косата, должината, ништо околу косата. Вели дека така ме запознал и дека така сака да останам. Косата секогаш мора да ми биде чиста и негувана, поважна ми е од облеката, признала Мелина еднаш за Курир.
Затоа модната дизајнерка остана русокоса и се откажа од промена на бојата на косата, иако размислуваше за тоа. Двојката е вљубена како и на првиот ден кога се запознале и тие се вистински доказ дека љубовта не бира години.
Двојката заедно ја има ќерката Џина, која неодамна го прослави својот 18-ти роденден и синот Кан, кој има 17 години.