Кафе муабет
„Ме запозна како скромна домаќинка”: Карлеуша конечно прозборе за проблемите со Душко!
Музичката ѕвезда конечно реши да објасни зошто Душко не ја следи на „Инстаграм“...
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ одамна не се следат на популарната социјална мрежа Инстаграм, а сега е позната причината.
Не е тајна дека нејзиниот сопруг Душко Тошиќ не е меѓу речиси два и пол милиони луѓе кои го следат „Инстаграм“ профилот на Јелена Карлеуша, како и дека последната заедничка фотографија на неговиот профил е објавена во 2016 година.
Ова остави простор за многу претпоставки и шпекулации за нивниот брак.
Музичката ѕвезда конечно реши да објасни зошто Душко не ја следи на „Инстаграм“.
– Одамна одлучи дека не сака да се нервира, ниту да гледа што споделувам на „Инстаграм“. Не сака да знае, не сака да гледа – изјави Јелена Карлеуша.
Таа на шега додаде:
– Ме запозна како скромна домаќинка која никогаш не се облекувала провокативно и тогаш се случи некоја неверојатна промена.
Но и покрај сите скандали кои сиве овие години ги полнеа весниците сепак Јелена Карлеуша и Душко тошиќ покажаа дека нивната врска е доволно цврста за ништо да не може да ги сруши.
Во врската на Јелена и Душко се е во најдобар ред, но има еден сегмент околу кој никако не можат да се договорат, па понекогаш е најдобро да се договорат – да не се согласуваат. Токму таква е познатата природа на објавите кои Јелена ги прикачува на својот профил, а кои често вклучуваат нешто послободни изданија, како што е нејзиниот совршено обликуван задник.
Имено, Тошиќ е докажан традиционалист на кој не му се допаѓа тоа што неговата сопруга споделува вакви и слични содржини со милиони фанови, а таа го смета тоа за исклучиво уметнички, моден, на крајот на краиштата, слободен став. Па двојката направи едноставен договор – „прави што сакаш, но мене ми е полесно да не гледам“. Колку помалку знае, толку помалку ќе се нервира, а познато е дека Душко ја поддржува сопругата во нејзините потези во кариерата и кога не ги разбира.
Инаку оваа година Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ одбележаа 15 години врска, од кои 13 години брак.