Дом и семејство

“Мајка ми го запозна Џејсон”: Васил Гавранлиев откри- еве како реагирала кога го видела неговото момче

Таа заминала пресреќна...

Васил Гарванлиев не крие дека е заљубен и на својот Фејсбук профил неодамна го претстави и партнерот пред јавноста.

фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Македонскиот пејач кој постигна неверојатен успех во Америка не крие дека е многу среќен покрај својот избраник а тоа може да се забележи и по неговата широка насмевка која не ја тргнува од лицето кога се заедно.

фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Деновиве Васил го привлече вниманието на јавноста со неговата нова песна „Ритам“ а сега во интервју за Женски Магазин откри дека откако се заљубил во Џејсон кој е американски невропсихолог, решил да остане во Чикаго.

фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Тој откри дека во Америка живее мирно и дека нема план да се врати во Македонија.

фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

-Дојдов со намера да снимам албум, љубовта тропна на вратата, и сега секое утро се будам во Чикаго насмеан и опкружен со три весели кучиња. Главни ангажмани пред да почнам со настапи ми се часовите по пеење со професор од Париз, конечно помагам на млади таленти со многу потенцијал дури и една две од Македонија – како вокал „коуч“, и ги спремам проектите за следните 3-5 години.

фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

За партнерот Џејсон во интервју за Женски магазин истакна дека е пред се скромна личност и успешен невропсихолог.

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Васил својот партнер го опишува како посветен партнер кој воедно е и негов најдобар пријател.

Она што особено ја интересира јавноста е тоа како семејството на Васил го прифати неговото момче, Џејсон и како тие реагирале на нивната љубовна приказна и одлуката тој да остане во Америка.

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Васил откри дека неговата мајка била во посета и цели две недели поминала во нивниот дом па така имала и можност да го запознае Џејсон.

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

– Поминавме прекрасни две недели заедно тука во нашиот дом. Последната реченица ѝ беше: „Заминувам полна, среќна, и мирна зошто ја живееш бајката за која сонувам цел живот и не е лажна туку искрена и полна со компатибилност, разбирање, и љубов“. Негувајте се. Нема нешто поубаво. Мајка ми брат ми и моите најблиски роднини и пријатели секогаш ми биле столб на поддршка во сите дадени ситуации. Благодарен сум им бескрајно што ги имам, рече Васил за Женски Магазин.

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Васил иако не криеше дека е вљубен, сепак кога бил запросен од партнерот истакна дека е малку шокиран од целиот настан, посебно што не очекувал да му се случи љубов.

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Пејачот сподели фотографии на својот Инстаграм профил под кои напиша:

,,Двајца станаа едно. Љубовта победува. Среќен месец на гордоста. Останете верни на себе и следете ги соништата.

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

За естрадниот магазин ,,Бекстејџ’’ изјави дека со неговиот избраник се препознале ,,на прва”, а го освоил со едноставноста и со анонимноста.

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

,,Каква година! Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката, пораките и за тоа што сте. Минатата година беше една од најважните во мојот живот’’, напиша Гарванлиев неодамна.

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Денес Васил Гарванлиев е успешен оперски пејач со интернационална кариера, има настапувано со најпознатиот светски челист Јојо Ма.

Фото Фејсбук/ Васил Гарванлиев

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close