Бебе
Мама смисли генијален план како да го одвикне своето дете од пелени и ги воодушеви родителите
Генијална идеја на една мама
Шона Меклуглин од Велика Британија смисли генијална идеја како своето дете да го одвикнете од пелени која веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Имено, оваа мама целиот под во станот го покри со подлоги кои не пропуштаат вода и се наменети за луѓето што имаат проблем со инконтенција. На овој начин таа само сакаше да се реши од „доказите“ што би можела да ги остави низ станот нејзината двегодишна ќеркичка Ерин Роуз.
„Немам поим што правам. Дали го правам тоа како што треба?“ побара помош Шона од корисниците на Фејсбук со кои сподели неколку фотографии од својот стан кој е целосно покриен со овие „необични“ подлоги.
Откако ги објави фотографиите на Фејсбук, тие веднаш почнаа да се шират низ оваа социјалната мрежа. Другите родители ја пофалија нејзината идеја, а многумина коментираа дека се решени и тие да ја пробаат истата метода за првите денови во одвикнување на своите деца од пелени.
„Многу луѓе ми се заблагодарија и велат дека добро се насмеале бидејќи покажав искрено како изгледа родителството“, вели оваа креативна мама.