MAMA
МАМА се чуди: Ова мало детенце не се дели од својот НОВ необичен другар
Без разлика дали ќе оди во продавница или во парк со неговата мајка Аби, Бени мора да оди со нив.
Двегодишно Тео одбива да оди било каде ако со него не дојде неговиот нов пријател Бени.
Момчето пронашло скелет во подрумот на куќата од кој повеќе не се одделува. Без разлика дали ќе оди во продавница или во парк со неговата мајка Аби, Бени мора да оди со нив.
„Добро, ќе го однесеме скелетот до автомобилот, тоа не е проблем“, рече неговата мајка на видеото што го објави на социјалните мрежи.
Кога пристигнале на нивната дестинација, Тео не сакал да го остави скелетот во автомобилот, па им се придружил на плажа, седеле заедно на стол, спиеле и оделе на шопинг.Аби вели дека се надева дека луѓето ќе бидат воодушевени од необичното пријателство на нејзиниот син со скелетот.
“Оваа 2020 година е толку луда година. Мојата најголема надеж е дека луѓето ќе се смеат. Убаво е да се види како се развива имагинацијата на Тео”, објасни Аби.