Кафе муабет

МАЕСТРО СИМОН ТРПЧЕСКИ ПРЕЧЕКАН СО ОВАЦИИ И ВООДУШЕВУВАЊЕ – Одржа светска премиера на ,,Македонисимо’’ во Виена

Нашиот пијанист блесна во Виена...

 

Симон Трпчески е македонски пијанист и универзитетски професор,. Тој е нашето богатство, чоек со кој се гордееме и еден од најдобрите пијанисти на сите времиња.

        Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески

Дипломирал (2002) и магистрирал (2004) на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје во класата на Борис Романов. Од 2002 година е професор на оваа институција.

Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески

Настапувал на најреномирани оркестри во Париз, Лондон, Виена, Берлин, Њујорк, Сиднеј, Токио, Хонг Конг и др.

Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески

Со својата уметност и виртуозност, Симон Трпчевски стана вистински амбасадор на Република Македонија ширум светот. Со своите успеси даде огромен придонес во збогатувањето на македонските културни вредности и нивната афирмација во светот.

Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески

Симон Трпчевски е роден на 18 септември 1979 година, во Скопје, како трето дете во семејството Трпчески. Пораснал во семејство во кое се негувала љубовта кон музиката, посебно кон староградска песна.

Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески

Неодамна, во Виена, Трпчевски имаше светска премиера на ,,Македонисимо’’. ,,Музика која ги отвора ушите и срцата’’ беше насловен концертот кој е од големо значење за македонската музичка уметност.

Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески

Светската премиера се одржа во најпрестижната светска концертна сала „Музикферајн“ во Виена, заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар и диригентот Јутака Садо од Јапонија.

Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески

Публиката беше воодушевена и ги поздрави со стоечки овации.

Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески

„Се случи нешто што засекогаш ќе остане во аналите на историјата на македонската интерпретативна уметност. Возбудата е дотолку поголема што добивме уште една димензија на проектот „Македоснимо“ што Панде Шахов овој пат го обои во најразлични оркестарски бои за поинаква звучна слика. Со желба изведбата да донесе уживање и за самиот оркестар, тој ја направи оркестрацијата многу внимателно. Во секој случај, незаборавно е чувството кога грмна тапанот и низ „Музикферајн” се разлеаа корените на македонската нација”, рече Симон во изјава за МРТВ.

Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески

Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески

Фото: Фејсбук/ Симон Трпчески

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close