Кафе муабет
Магијата во домот на една од најубавите жени на Балканот – деталите ќе ви го одземат здивот!
Лија се пофали со луксузната елка...
Секоја година, за време на новогодишните и божиќните празници, домот на актерката Лидија Вукиќевиќ се претвора во вистинска магија.
Овој пат таа со своите следбеници на Инстаграм сподели фотографии од раскошно украсената елка, а по тој повод собра многубројни пофални зборови.
Многумина коментираа дека таа навистина поседува уметност на украсување.
Сепак, се чини дека самата Лидија предизвика многу повеќе реакции, бидејќи времето како да застанало за атрактивната актерка, која следното лето ќе го прослави 60-тиот роденден.
– Играта е детска привилегија, чувајте го детето во себе – вели актерката, која одговарајќи на прашањето што е нејзин најголем успех, таа рекла:
– Мојот најголем успех е што успеав да ја зачувам детската радост кон светот околу мене. Се радувам на ситниците, треперам кога ќе се заљубам. Никогаш не се гледав себеси како позната актерка, дури ни во времето на мојата најголема популарност.
– Одењето со двете нозе на земја и уживањето во секој чекор е најголемата уметност на животот. Животот треба да се живее.
Иако важи за една од најубавите и најатрактивни актерки на овие простори сепак многу малку се знае за приватниот и емотивниот живот на Лидија Вукичевиќ.
– Тие сè уште ја кријат својата љубов од јавноста, но бидејќи имаат меѓусебни пријатели, сите веќе се сомневаат дека нешто се случува меѓу нив, истакна тогаш добро упатен извор.
На големо изненадување на многумина, откако во медумите почна да се шушка дека има момче, актерката потврди и откри дека е во врска со сликар од Италија, кој е десет години помлад и за кого вели дека донел нови убави моменти во нејзиниот живот бидејќи е сличен на неа а тоа и недостасувало.
– Се гледаме повремено. Сакам љубов на далечина, никогаш не можe да ви биде досадно, секогаш ви е убаво, се сакаме еден со друг и секој пат кога ќе се видиме како да е прв. Кога сте постојано заедно, многу работи излегуваат на површина. Навиката ја убива љубовта. Кога мојот партнер ќе ми стане како брат, време е да заминам. Бидејќи и двајцата сме уметници, многу добро се разбираме. Не размислувам за преселба во Италија, јас сум типична жена за ова поднебје. Живеев со години во Холандија и Турција и сфатив дека најмногу ја сакам Србија, дека овде најмногу ми се допаѓа. Можам да патувам, но секогаш се враќам затоа што тука се чувствувам најдобро – рече таа за Glory.
– Мојот помлад партнер ми донесе нова радост. Ми требаше некој како мене, не верувам во привлекување на спротивности. Не треба да се смирувам, туку партнерот да ме следи на мојата бранова должина. Кој ќе се обиде да ме спушти на земја, завршува спуштен, многу пониско од мене – рече актерката и додаде:
– Јас сум класична емотивна личност, но со емоциите мора да се управува добро. Се обидувам да не се предадам на секого и неодамна сфатив дека многумина ме гледаат како социјална институција, затоа што можам да слушам, емпатична сум и апсорбирам како сунѓер, што на крајот негативно влијае на мене. Одлучив да направам избор за тоа кога треба да го правам тоа – изјави таа за „Стори“.