Нега и здравје
Лила Филиповска за прв пат искрено прозборе за борбата со канцерот: Можеби и ќе вриснев, но останав без глас…
Се борела лавовски со болеста...
Пред извесен период поранешниот водител Зоран Василевски, во јавноста познат како Зоки Фаци кој е еден од најдобрите пријатели на Лила Филиповска откри дека водителката носи перика и минувала низ многу тежок период во животот.
Зоки Фаци на својата Инстаграм приказна напиша дека здравјето на Лила било нарушено, дека изминатиот период водителката се борела лавовски и минувала низ пекол…
Зошто мора Лила да ви каже зошто носи перика? Зошто мора да ви каже низ се што помина оваа година, низ пеколот, и зошто мора да ви каже какви здравствени проблеми има?
– Дечки јас немам твитер, ама некои од вас ми праќаат во инбокс коментари поврзани со мојата драга пријателка Лила Филиповска, и стварно да ви се из нае… на сите све живо и диво што имате, напиша тогаш водителот.
На оваа тема сега за прв пат јавно се огласи и самата Лила Филиповска. Имено во мартовскиот број на магазинот Убавина и Здравје, Лила искрено зборува за борбата со канцерот.
-Кога ќе помислев колку многу жени го поминале или го поминуваат мојот пат, си велев дека не морам сега да ги заморувам луѓето со мојот здравствен проблем. Што би се случило кога сите би давале интервјуа за своите проблеми?! Од друга страна, пак, веќе 25 години ја споделувам мојата интима со публиката, раскажувам за моите патувања, препорачувам производи и сметав дека е чесно да кажам дека се соочувам со сериозен здравствен проблем, дека ми дијагностицираа канцер на дојка и дека болеста не избира! Знаете, кога ја слушнав дијагнозата, бев во тотален шок! Можеби и ќе вриснев, но останав без глас.
-Првата помисла ми беше: дали е ова мојот крај? Уште колку имам? Потоа се сетив колку многу жени има што ги познавам и кои излегле како победници. Ми поминуваа разни мисли, но, за среќа, тоа траеше кратко. Само зедов здив и ја прашав мојата пријателка, доктор Вики: Што прво треба да се направи? Од каде да почнам? Се фокусирав на патот што ме очекуваше и се трудев да размислувам позитивно. Среќна сум што имам неколку добри, вистински пријатели кои ми се како семејство, кои беа покрај мене и ми го олеснија патот. Бескрајно сум им благодарна!- вели Лила за Убавина и Здравје.
Имено на насловната страница Лила е со кратка коса и фризура со која публиката не е навикната да ја гледа.
Фановите се согласни дека одлично и прилега а единствено важно е тоа што Лила успеа да ја победи болести и сега е посреќна од било кога.