Дом и семејство

Конечно убави вести од Луна и Марко: По загубата на бебето заврши на психијатар, успеа да преброди и сега е посреќна од било кога

Таа е повторно бремена?

Луна Џогани и Марко Миљковиќ важат за еден од најхармоничните парови иако многумина не веруваа дека ќе биде така. Парот ужива во родителството, а често зборуваат за тоа колку сакаат да го прошират семејството.

фото инстаграм/Луна Џогани

Неодамна поранешната реалити ѕвезди повторно остана бремена и не ја криеше среќата, но веста дека го изгубила бебето растажи многумина.

фото инстаграм/Луна Џогани

Луна проговори за загубата откривајќи дека после се се чувствува добро и дека животот продолжува, но и дека не се откажуваат од проширувањето на семејството но тоа ќе го сторат кога ќе почувствуваат дека е вистинскиот момент.

фото инстаграм/Луна Џогани

Пред неколку дена Адам Џогани за време на радио емисијата во „Задруга“ ги шокираше сите, кога во програмата и ја честиташе новата бременост на Луна.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Вчера дознав една добра вест, дека сестра ми Луна е бремена. Среќно, те сакам – рече Адам.

Дали Луна навистина е бремена останува да видиме. Парот веќе истакна дека кога ќе се случи втората бременост ќе почекаат и нема да ја известат јавноста поради тоа што смеетаат дека со бременоста кога Луна го загуби бебето избрзале, па во иднина ќе бидат повнимателни.

фото инстаграм/Луна Џогани

Инаку неодамна Марко Миљковиќ се потсети на периодот кога беше во врска со водителката Ена Попов и кога заедно ја водеа емисијата „Ѕвездите на Гранд“, сезоната во која се родија ѕвезди како Рада Манојловиќ и Милан Станковиќ.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Не сум горд. Не бев за таква работа, за водителска работа. Бев незрело дете, премногу ме туркаа таму, оди на работа. Некако бев принуден… се согласив да работам но не се трудев. Не се гордеам со тоа како водев, искрено – рече Марко, а потоа откри што мисли за Саша Поповиќ, кој тогаш беше негов претпоставен.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Наместо Тања Савиќ велам Сања Тавиќ. Дури и со Саша Поповиќ се договорив да паднам од сцената. Го исцениравме за да биде интересно. Саша е мозокот на операцијата, затоа е таму каде што е. Тој е одличен човек, има фасцинантна енергија. Тој е еден од ретките менаџери кои го почитуваат договорот. Научив многу работи од него. Знае да биде строг, но се прави правилно и како што треба – изјави Миљковиќ, кој не се двоумеше да го коментира раскинувањето со водителката.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

-Ние бевме првиот риалити пар, тинејџерите не обожаваа, па дури и Луна која гледаше се. Кога излеговме, луѓето нѐ притискаа многу и набрзо раскинавме. Има причина зошто раскинавме, но се договоривме никогаш да не го кажеме тоа јавно. По раскинувањето никогаш не ја видов, но ако ја видев, ќе ја поздравев – изјави Марко за „Информер“.

фото Инстаграм/Ена Попов

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close