Дом и семејство

Кога ќе ја изгубите мајката, губите и дел од вашата душа- човек без мајка е ранета птица која жали по своето безбедно гнездо!

За неа доволна е прегратката од нејзините деца, за да знае дека е сакана...

Нема подобар пријател од мајката, таа е единствената личност која ќе биде секогаш тука за тебе, ќе ти помага, ќе те сака безусловно без да бара нешто за возврат.

За неа доволна е прегратката од нејзините деца, за да знае дека е сакана.

Мајката е дефинитивно највлијателната личност во животот на скоро секоја личност. Таа се грижи за нас онака како што никој друг не може и е една од ретките луѓе што ќе остане со нас во секоја можна ситуација, подготвена да нè утеши со убави зборови, да не прегрне, да нè заспие иако ние сме пораснале одамна.

И кога ќе ги направиме најлошите грешки во животот, таа никогаш нема да нè напушти туку ќе ни помогне да преживееме, која ќе се погрижи тоа помалку да не повреди.

Љубовта што мајката ја чувствува кон своите деца не може да се мери со ништо, а таа љубов не исчезнува дури и кога мајката веќе не е со нас. Таа е првата личност со која градиме силна врска, нашиот вечен заштитник, оној кој никогаш не нè заборава.

Кога таа ќе почин-е се чувствуваме како да не сме веќе целосни. Тогаш се чувствуваме како д ани фали дел од срцето, голема празнина останува во нас. Не е важно дали сме биле покрај мајката во последните неколку дена или не сме имале прилика да се збогуваме; кога мајката ќе ум-ре, ништо повеќе нема да биде исто. Повеќе нема да бидеме исти.

Колку повеќе мајка ви била присутна во вашиот живот, полошо ќе биде откако таа ќе замине, без разлика дали сте тинејџер или возрасна личност која веќе има семејство.

Ништо во животот не може да ве подготви за ова. Колку и да сте свесни дека смрт та е природен феномен и дека загубите се големи, кога мајката уми-ра, тоа е голем шок.

Кога мајката заминува засекогаш во нас остава незамислива рана која никогаш не заздравува, но ние само учиме да издржиме со неа и наоѓаме сила да продолжиме понатаму. И навистина, болката исчезнува малку со текот на времето, но никогаш не поминува. Никогаш не се заборава, и затоа вашиот живот повеќе нема да биде ист по смрт та на вашата мајка.

Реалноста за живот во кој веќе нема мајка влијае толку многу врз нас што ни се чини дека и ние умревме со неа. Болката е вистинска, силна, како најсилната физичка болка.

Сите оние кои ја изгубиле својата мајка засекогаш имаат едно нешто заедничко – тие се луѓе со скршена душа.

До крајот на животот ќе бидете ранета птица која жали за топлото крило на мајката и безбедно гнездо …

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close