Кафе муабет

Касандра заврши во болница: Познатата актерка која ја освои Македонија сериозно болна!

Нејзиното здравје се стабилизира...

Латиноамериканската актерка Кораима Торес, која на овие простори се прослави со улогата на Касандра, ги загрижи своите следбеници со последната објава на Инстаграм.

фото инстаграм/Кораима Торес

Таа најпрво објави кратко видео на кое се гледа дека е во болница и дека има цевки за кислород.

фото инстаграм/Кораима Торес

Многумина се запрашаа што и се случило, а таа откри за што се работи, но и дека ја пуштиле дома.

фото инстаграм/Кораима Торес

– Бев во болница поради респираторни проблеми. Ги контролираа и сега конечно си одам дома. Сега ќе внимавам многу повеќе. Ви благодарам на сите за пораките, многу ми помогнаа – напишала Кораима.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coraima Torres (@lacoraima)

За време на прикажувањето на серијата, во 1997 година, познатата Касандра стана миленик на цела Македонија и со нетрпение чекавме да видиме што ќе се случи во следната епизода.

фото инстаграм/Кораима Торес

Венецуелската актерка, која се стекна со светска слава играјќи го ликот на Касандра во истоимената латиноамериканска сапуница, изгледа неверојатно по повеќе од дваесет и четири години од емитувањето на популарната серија!

фото инстаграм/Кораима Торес

Таа неодамна повторно беше главна тема во медиумите откако откри неколку тyмopи во нејзиното тело пред неколку години – за среќа, бенигни. Сепак, таа од тогаш е на постојани контроли бидејќи нејзиното семејство, како што откри, има историја на paк.

фото инстаграм/Кораима Торес

– Јас ги започнав прегледите минатата недела. Сакам да ве известам дека мојата мамографија и ултразвук на дојка поминаа добро. Поради овие тyмopи, мора да се прегледувам на секои шест месеци – откри тогаш актерката Кораима Торес, позната по улогата на Касандра во истоимената ТВ-серија.
49-годишната латиноамериканска актерка изјави дека е малку исплашена и дека овие прегледи извршени со допир понекогаш се болни, но дека е важно да се извршат затоа што можат да спасат животи.

фото инстаграм/Кораима Торес

За потсетување, од емитувањето на серијата „Касандра“ во 1997 година, оваа венецуелска актерка, во сите републики на поранешна СФРЈ, стана најомилена странска актерка.

фото инстаграм/Кораима Торес

Таа беше толку популарна што весниците пишуваа за неа секој ден, а уличните тезги беа полни со маици, чаши, слики, разгледници и разни други производи со нејзиниот лик. Дури и мебел, душек за спиење и тоалетна хартија беа именувани по Касандра.

фото инстаграм/Кораима Торес
фото инстаграм/Кораима Торес

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close