Кафе муабет

Кариерата и “цвета” откако го остави Дарко Лазиќ: Барбара направи бум- еве зошто сите ја обожаваат поранешната на фолкерот

Најави нов микс...

Откако пред само четири години професионално влезе во музичките води, пејачката Барбара Бобак за овој краток период со својата работа и труд успеа да си обезбеди сигурно место на естрадата.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Нејзината кариера особено порасна во периодот кога пејачката беше во врска со фолкерот Дарко Лазиќ, по што и многумина коментираа дека го искористила само поради кариерата а таа во неколку наврати ги негираше таквите написи.

фото инстаграм/Барбара Бобак

На Бобако особено и годи фактот што на нејзините настапи луѓето се особено весели и што навистина уживаат во кафанска музика.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Во последно време нејзините настапи се преполни, луѓето уживаат во нејзината интерпретација а токму поради тоа Барбара реши на своите фанови да им подари микс со 30 песни кој за само два дена се позиционираше на 10-тото место на листата на трендови.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Дојдов на идеја да снимам дел од настапот, пред се за да можат што повеќе луѓе да видат и слушнат како работиме јас и мојот бенд, а од друга страна да им „подарам“ нешто убаво на луѓето кои ја сакаат мојата работа, подолг микс, кој ќе може да се слуша додека се загревате за излегување, бидејќи реално, кој има нерви да мисли на следната песна што треба да ја свири на секои 3 минути- истакнува Барбара и додава:

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Пријатно сум изненадена од критиките и трендовската позиција, со оглед на тоа што сум нова на сцената и дека се работи за видео од 50 минути, но благодарна сум на љубовта, а патем, сакам да најавам уште еден микс, како и 3 нови песни кои ги подготвувам – заврши пејачката.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Пред извесно време Барбара отворено зборуваше за Дарко Лазиќ и нивното раскинување и откри дали пати поради раскинувањето.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Не мора да страдате поради раскинувањето кога нешто ќе се прекине на здрав начин, пријателски. Нема причина за тага и лоши емоции. Без разлика дали имате различни перцепции или различни амбиции, нашите патишта едноставно почнаа да се разминуваат во однос на љубовта. Подобро е вака отколку да беше измама или скандал – рекла Барбара која тврди дека венчавката никогаш не ја ни закажале иако ја планирале:

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Свадбата не ни беше закажана за да се откаже. Тоа беа планови за светла иднина, но тоа не се случи. Не е вистина дека Дарко го користев за напредување во кариерата. Се гледа кога со некого си порад корист, и кога сакате некого. Сè уште го сакам, како пријател и човек.

фото инстаграм/Барбара Бобак

Пејачката одговори и на коментарите дека таа го искористила само поради популарност.

фото инстаграм/Барбара Бобак

– Не е точно дека го искористив за да се пробијам на сцената. Луѓето не се глупави, тие разбираат се. Ние луѓето од естрадата сме луѓе како и сите други. Веднаш се пишува дека најдов друг. Како сите да сме на сцената ку-рви. Не ми треба тоа сега. Со Дарко се уште комуницирам, имаме и закажано заеднички свирки. Луѓето не ангажираа заедно, но тоа е нормално. Бевме свршени, имавме планови.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

-Моите родители се секогаш на моја страна. Искрени се, чесни, максимално ме поддржуваат во сите животни избори. Никогаш не давале изјави, би ги замолила сите да не ги земаат моите родители во уста. На моите родители им е важно само тоа што сум среќна – откри Барбара.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/ Барбара Бобак
Фото Инстаграм/ Барбара Бобак
Фото Инстаграм/ Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close