Кафе муабет
КАКО ЛИ ЌЕ ПОМИНЕ ПРЕКУ ОВА: Ова е снаата на Лидија Вукиќевиќ- откриени сите тешкотии што ги има со нејзината позната свекрва
Надја е позната манекенка...
Снаата на Лидија Вукиќевиќ е исклучително убава и атрактивна млада дама, но и многу амбициозна.
Откако на профилот на „Инстаграм“ на постариот син на Лидија Вукиќевиќ, Андреј Мркелa се појави фотографијата на која позира со својата долгогодишна емотивна партнерка Надја Илиќ, сите постојано се прашуваат од кое семејство потекнува младата дама, што работи, кои се нејзините интереси, кои вредности ги поседува, но и најважното, како успеала да го освои срцето на синот на актерката, но и на самата актерка.
Идната снаа на Лидија Вукиќевиќ, како што сега ја нарекуваат сите медиуми, веќе неколку години е многу успешна во манекенството, амбициозна е и затоа нејзините ангажмани ширум светот се многу популарни во светот на модата. Може да се заклучи дека повеќе патува од својот избраник кој е спортски менаџер. Сепак, не ѝ пречи да одржува хармоничен однос со него, полн со доверба.
Надја е родена во Белград, израснала во големо семејство со две сестри и брат, а не крие дека тие тројца и се најважни на светот, покрај мајка и и татко и, секако, сега и Андреј . Родителите ја научиле дека нејзините сестри и се најдобри пријателки, а брат и е најдобар пријател, па таа така се однесува. Таа е многу заштитнички настроена кон нив и наводно сака да им угодува, за што сведочат бројните заеднички фотографии.
Идната снаа на Лидија Вукиќевиќ често на социјалните мрежи се фали дека не е единица и дека има со кого да ја сподели среќата и тагата. Нејзе и е драго што Андреј има брат и што ја разбира братската љубов и не ја обвинува кога пред него го става своето семејство.
Сепак, не сме сигурни дали Лидија ќе го земе тоа за зло, бидејќи отсекогаш ги учела своите синови дека тие се најважните мажи во нејзиниот живот и дека тоа треба да биде така и за нивните избранички.
Да потсетиме, Андреј Мркела, постариот син на Лидија Вукичевиќ, тргна по стапките на својот татко и е фудбалер додека Давид е пилот.
Во една прилика, Лидија откри како ги воспитувала своите синови.
– Бев строга во времето кога требаше да бидам таква. Знаеја дека ќе добијат мал удар по задникот кога ќе го заслужат тоа. Не можам да поднесам разгалени деца кои сакаат се. Затоа, ги научив синовите да бидат разумни. Понекогаш не може да се исполнат сите очекувања. Јас сум секогаш надзорно тело во куќата. Морам во секое време да знам каде се и што прават. Имам апсолутна контрола и над едниот и другиот син – објасни Лидија.
Лидија Вукичевиќ неодамна во емисијата „Магазин ин“ зборуваше за фактот дека, покрај воспитувањето и генетиката влијае врз формирањето на личноста.
– Меѓутоа, без разлика колку е важно воспитувањето, постои генетиката на која не можете да влијаете. И тогаш целиот напор паѓа во вода кога гледам дека наследиле нешто од мене или од мојот поранешен сопруг-рече Вукичевиќ, а потоа се осврна и на таткото на нејзните синови:
– Ми пречи кога ќе препознаам нешто лошо што го наследиле од мене, но повеќето лоши особини ги наследиле од својот татко – рече низ смеа актерката.