Кафе муабет

Испливаа детали од свадбата на Ана Брнабиќ и Милица: Се огласи премиерката на Србија- ова никој не го знаеше за нив(ФОТО)

Не се во брак...

Свадбата на Ана Брнабиќ е една од оние теми за која постојано се пишува и која особено ја интригира јавноста.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Премиерката на Србија и нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ веќе 15 години се во хармонична емотивна врска, дури го имаат и синот Игор, кој заедно го одгледуваат, па не е чудно што нивната врска привлекува внимание и е интересна дури и за Политичките противници на Ана.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Свадбата на Ана Брнабиќ како неизбежна тема се наметна во документарниот филм „Ana je tu“. Во авторската, всушност дипломска работа, на новинарот Адам Сантовац, а премиерката отворено зборуваше за ЛГБТ заедницата на која и припаѓа, а која, според мислењето на нејзините членови, не е доволно застапена, а се осврна и на денот на нејзината венчавка со Милица.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

На новинарско прашање дали е точно дека во еден од градовите каде истополовите бракови се законски регулирани, Њујорк, Рочестер или Вашингтон, се заколнала на вечна љубов кон Милица Брнабиќ рече:

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

– Не, не е вистина. Слушнав и дека сме се венчале, но тоа не е точно. Во врска сме над 15 години, но не сме во брак. Последното нешто што би го направила е да си дадам поголеми права од кој било граѓанин на Србија. Јас никогаш не би го направила тоа. Тоа е спротивно на сите мои принципи. Верувајте, попрво би се убила – посочила премиерката која и покрај тоа што законски не го регулирала односот со избраничката ужива и прави планови за иднината.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Синот и го промени животот…

Српската премиерка Ана Брнабиќ речиси никогаш не зборува за својот приватен живот, па ретки се моментите кога во програма во живо открива некој интимен детал.

фото принтскрин

Неодамна Брнабиќ откри дека нејзиниот син Игор сака класична музика и ги знае сите инструменти. Таа изјавила и дека не е толку строг родител како нејзината партнерка Милица.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Пред извесно време гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ, а по тој повод откри детали за малиот Игор.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

– Син ми еднаш ми рече: „Како ја замени трубата со хорна?“, останав без зборови. Ги знае сите тие инструменти, сака класична музика, а има само три години. Многу е паметен, ме воодушеви кога го кажа тоа. Секогаш ги гледаме неговите омилени цртани, секојдневно се пуштаат во нашата куќа – рече Ана Брнабиќ.


На прашањето кој е построг родител Ана одговори дека тоа е нејзината партнерка Милица и истакна дека таа не е строга во воспитувањето а прикажа и приватни фотографии, како оние со нејзиниот брат и мајка.

фото принтскрин

-Со брат ми имам одличен однос, навистина. Разликата меѓу нас е само 15 месеци, секогаш сме биле блиски – изјави таа.

Како гостин во емисијата Амиџи шоу, премиерката Ана Брнабиќ за прв пат јавно проговори за својот приватен живот. Во таа прилика таа рече:

фото принтскрин

„Студирав во странство, но овде одев во Петта белградска гимназија и тоа е најубавиот период во мојот живот. Имав одлично друштво, иако е тешко средно училиште. Тренирав пливање.
„Бев диво дете после средно, правев глупости. Само излегување, ноќен живот… Потоа организирав рејв забава. Убаво си поминувавме на Геозавод, правевме забави во пештери на Тасмајдан… Потоа моите родители рекоа, кога не можеме да те смириме, оди во странство. Се вратив во Србија во 2002 година. Отсекогаш знаев дека ќе се вратам, затоа што нема поубаво место од Србија. Ова е мојот дом. Се мое е тука. ”

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Ана откри и како го воспитуваат синот…

Не му дозволуваме да гледа цртани преку ден, само навечер“, открила премиерката и повторно посочи дека не е строг родител.

фото инстаграм/Ана Брнабиќ

Во една прилика откри и дека нејзината партнерка Милица се грижи за нејзиниот стајлинг.

„Не знам брендови. Милица ми купува се. Навистина не знам“, изјави таа во емисијата „Амиџи шоу“, па откри дека најмногу сака да слуша музика од осумдесеттите.

фото принтскрин

За синот Игор, Ана вели дека потполно им го променил животот.

„Тоа е најголемата радост што ми се случила во животот“, изјави Ана во интервју за Курир.рс. На прашањето дали со Милица зборува за политика, премиерката изјави дека таа е нејзин најголем критичар.

фото Принтскрин

„Таа е мојот најжесток критичар. Многу е искрена и директна, што ми помага да останам со двете нозе на земја. И недостига нашиот поранешен живот и јас сум и неизмерно благодарна на целата лична пожртвуваност која што ја поднесе откако јас влегов во политика, заради која изгубивме голем дел од нашата приватност“, раскажува премиерката на Србија.

фото принтскрин

„Мојата работа бара внимание и одговорност во секој момент. Кога ќе легнам да спијам, а надвор врне, размислувам дали ќе има некаде поплави. Кога нема снег во време кога обично треба да има, му се јавувам на министерот Недимовиќ за да го прашам како ќе се одрази тоа на нашето земјоделие. А кога имам слободно време, тука е претседателот што работи. Еднаш ми се јави во седум и пол наутро, на 1 мај, за да ме праша зошто увезуваме малини кога нашите се подобри и дали сме ги добиле податоците за раст во април. Тоа малку слободно време што ќе го најдам го минувам со семејството и пријателите“, истакна таа во нејзиното интервју за Курир.рс.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close