Кафе муабет
Имам љубовница, бев со десет жени во исто време: Миле Китиќ призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ- тоа се попатни станици!
Имаат отворен брак...
Пејачот Миле Китиќ во емисијата „Премиера-викенд специјал“ за прв пат прозборе јавно и си ја отвори душата признавајќи дека ја изневерил сопругата Марта Савиќ.
– Бев со неколку жени во еден момент и со десет. Нема град во кој немав девојка, немав врска, но … се оженив млад, имав љубовница и кога се оженив, имам и денес. Покрај Марта и денес имам љубовница, ги имаат сите колеги. Некои одат на актуелни патувања, но тоа не се љубовници. Едно 80% од моите колеги имаат вакви патувања. Тие одат во Америка на турнеја, гледаат убава жена, зошто не би си играле? – вели Миле.
– Тоа не се љубовници, тоа се попатни станици, но и ние сме им нив попатни станици. Сакаат добро друштво, а не пари. Сакаат да бидат видени, доаѓаат во добар ресторан – вели Миле.
– Марта ме освои со своето однесување. Беше мирна и тивка, а јас мислев дека со ваква жена треба да се оженам. Таа отсекогаш имала разбирање за мене, на тој начин ме освојувала. Марта ми е ветер во грб и ми ја одржува кариерата – ја започна својата исповед Миле, а потоа продолжи со тврдењата дека двајцата имаат отворен брак:
– Ако ни треба тоа нас, зошто да не, но едноставно не пред мене. Никогаш не ја прашав за тоа. Таа прави што сака, а и јас – беше искрен пејачот.
– Се оженив млад, добив ќерка во првиот брак, не е тајна. Никогаш не се обидов да го сокријам тоа. Се разведов од таа жена во 1994 година. Тоа нема никаква врска со другата жена. Никогаш не би го криел моето дете, често се гледаме, се гледаме барем еднаш неделно, таа има две златни деца, таа е една од најдобрите балерини во Европа. Таа и Елена се познаваат, се почитуваат, но не се дружат многу. Секогаш кажував дека ја имам и Сања, ќерката од првиот брак, во одлични односи сме – вели Миле.
Популарниот фолкер Миле Китиќ неодамна наполни седумдесет години, но поради позитивната енергија и ведриот дух не планира наскоро да престане да пее.
За време на својата кариера од дури четири децении, тој може да се пофали со широк репертоар на песни кои публиката ги бара постојано.
– Снимив многу песни и имам среќа што имам многу песни кои се хитови. На настапите пеам околу 50, 60 песни а публиката пее со мене. Можеби некој има поголеми хитови, но нема толку многу песни – изјави пејачот за Grand News.
Помладите колеги често го земаат за пример успехот на неговата кариера, што и тие го посакуваат.
– Никогаш не сум бил на врвот, но не и на дното, секогаш златна средина. Тешко е да се одржи кариерата, 40 години сум на сцената, но доаѓаат нови луѓе, нови трендови, но сè уште работам како во најдобрите времиња, можеби и повеќе. Многумина се прашуваат до кога – изјави Миле.