Кафе муабет
Има 85 години го оставила љубовникот и сега бара помлад: Сака само млади мажи- “Можам да бидам интимна и уживам во водење љубов”
Сака да ужива во забава и авантура..
85- годишната Хати Ретрорај е мајка на две деца и баба на три внуци.
Таа се развела кога имала 48 години и оттогаш вели дека сака да гледа само помлади мажи.
Нејзината приказна стана вирална кога таа откри дека решила да создаде профил на апликација за запознавање, надевајќи се дека ќе најде забава и авантура.
– Сега не се гледам со никого. Ќе објавам на Тиндер, бидејќи некои пријатели запознале мажи таму. Сега повторно почнувам да излегувам кога можам да бидам интимна и да уживам во водење љубов. Не уживаат само постарите мажи со младите жени, и ние ги сакаме помладите – изјави Хати за LADBible.
Три пати неделно одела на состаноци со мажи кои ги запознала на апликацијата Тиндер, но сега е блокирана од апликацијата, па морала да најде нов извор на забава.
Нејзината нова потрага по мажи беше поттикната од раскинувањето со нејзиниот поранешен љубовник Џон (39). Иако меѓу нив имало голема разлика во години, Хати вели дека секогаш се чувствува младо.
Судејќи по фотографиите кои ги споделува на својот Инстаграм оваа баба сака да се забавува и често излегува на ноќни журки.
На нејзиниот стајлинг може да и подзавидат многу помлади девојки. Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од Хати.