Кафе муабет
Има 48 години и ќе стане мајка на близнаци: “Благослов е да добијам деца на овие години”- актерката пресреќна
Со нетрпение чека да стане мајка...
Познатата актерка Хилари Свонк пред извесно време соопшти убави вести. Имено таа на 48години ќе стане мајка на близнаци.
Оскаровката ги воодушеви сите кога во гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“ откри дека ќе стане мајка на близнаци.
“Ова е нешто што долго го чекав, следното нешто што ќе ми се случи е да станам мајка. И тоа не на едно дете, туку на близнаци”, изјави Хилари Свонк и додаде дека е пресреќна за тоа, пренесува „Pagesix“.
„Се чувствувам одлично во моментов, но мојата облека почнува да се чувствува тесно“, се пошегува актерката, а потоа додаде: „Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Неверојатно е“.
.@HilarySwank is going to be a mom of TWO!
Congratulations! ❤️ https://t.co/kWY5S6eOU4 pic.twitter.com/kzuG8NkpdF
— Good Morning America (@GMA) October 5, 2022
Актерката не откри дали ќе има деца со помош на сурогат мајка или самата е во блажена состојба, а со години јавно зборуваше дека посакува да стане мајка. Таа истакна дека сака деца и дека мајчинството и е многу важно.
Актерката и идна мајка е во брак со Филип Шнајдер од 2018 година, а зад неа е бракот со Чад Лоу, со кого се омажи во 1997 година, а се разведе во 2007 година.
“Тоа беше сон од соништата, да се омажам за човекот од моите соништа покрај сите луѓе кои нè сакаат. Тоа беше остварување на сонот”, изјавила актерката во една прилика за венчавката со Филип.
Меѓу нејзините први улоги се издвојува онаа во серијата „Беверли Хилс“ од 1997 година, во која ја играше самохраната мајка Карли Рејнолдс.
Таа е двократна оскаровка, престижната награда и ја донесоа главните улоги во филмовите „Девојка од милион долари“ и „Момчињата не плачат“ во 2004 и 1999 година. За овие актерски достигнувања и беше доделен и Златен глобус.
Таа е третата најмлада оскаровка во историјата.
Инаку неодамна актерката зборуваше за проблемите со кои се соочила на почетокот на кариерата.
Напорната работа си го направила своето, па така во 2000 година, откако го доби Оскарот за улогата во филмот „Момчињата не плачат“, Свонк се соочила со здравствени проблеми.
Во неодамнешното интервјуто таа објасни дека не заработила доволно пари за да си обезбеди здравствено осигурување, па платила 260 долари за обични антибиотици.
„Имав обична настинка и кога отидов на лекар за обични антибиотици, тие ми рекоа: „Да, тоа ќе ве чини 260 долари“, рече таа.
„Тогаш им одговорив: Чекајте, имам осигурување, можете да проверите“, објаснила актерката. Таа морала да се јави во осигурителната компанија.
„Се сеќавам дека осигурителната компанија ми кажа дека морам да заработувам минимум 5.000 долари годишно за да имам право на осигурување.
„Замислете, таа година добив Оскар, а немав пари за здравствено осигурување, раскажа актерката.“