Кафе муабет

Измамникот Тале го контактирал адвокатот кој се закани дека ќе го гони за измама- Го молел да го сослуша- еве што му рекол тој

Сакал да го сослуша...

По вчерашната вест која ја шокираше јавноста, дека Тале Витанов кој се претставуваше како самохран татко на две малолетни деца, всушност бил измамник.

фото Миа Костова/Фејсбук

По тој повод се огласи и адвокатот Јанаки Митровски, кој посочи дека би го гонел измамникот и јавно праша кој од оние кои донирале се согласуваат со него.

фото принтскрин

По извесно време Јанаки ја извести јавноста дека добил повик од Тале кој воедно му посочил дека тоа што го прави не му личи бидејќи бил адвокат и побарал од него да го сослуша.

фото принтскрин

И со цел памет Трајче коцкарот ми се јави. Не ме личело, адвокат сум бил.
– Може ли да ме сослушаш?
– НЕ!, стои во објавата на адвокатот Јанаки.

Во коментарите под објавата на адвокатот има и такви кои го обвинуваа дека не гони политичари и поголеми измамници а на тоа Јанаки одговори:

фото принтскрин

Да потсетиме, водителката и инфлуенсерка Миа Костова вчера ја сподели веста дека Тале е измамник.

фото Миа Костова/Фејсбук

Имено Миа се осврна на една од емитуваните стории на емисијата Срце на Дланка кога Тале Витанов од Велес се појави и ја растажи јавноста со својата сторија дека е самохран родител на две малолетни деца кои често пати си легнуваат гладни бидејќи тој не е во можност да им даде храна и се што е потребно за нив.

фото принтскрин

Овој апел кружеше на социјалните мрежи. Многу хумани граѓани се пријавија да му помогнат на Тале а воедно беше оставена и жиро сметка на која можеше да се испраќаат парични средства за помош.
Апелов го објавивме мислам дека сите!

фото принтскрин

Никогаш не сум кажала кога донирам, ама еве сега ќе кажам дека во истиот момент префрлив пари на сметка.

фото принтскрин

Се испостави дека се работи за коцкар, кој дреме по кладилници, своевремено освоил џекпот на апарати од 26.000 евра, со сопругата не е разделен го гледаат низ Велес, самохран татко бил за потребите на снимањето.

фото принтскрин

Од вакви приказни утре нема да донира некој кај што е навистина потребно.

фото Миа Костова/Фејсбук

Јавно барам одговорност од Срце на дланка со она малку новинарско искуство што го имам, како снимаат сторија ако цел Велес знае за каков човек се работи а тие на еден повик одат и прават приказна која вклучува и деца кои судејќи по трпезата и расположението на Тале, не се баш гладни.
Срамота!-напиша Миа Костова.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close