Бебе
Зошто новороденчињата се смеат додека спијат?
Студијата која испитувала повеќе од 500 бремени жени користејќи 4Д ултразвук покажала дека дури 31 бебенце се смешкало уште во стомакот на мама...
Нема зборови кои можат да го опишат чувството на радост што не обзема кога гледаме како бебето се смее во сон. Но, дали знаевте дека бебињата се смеат уште пред да се родат? Тој магичен момент обично се случува додека бебињата спијат. Родителите тогаш се прашуваат; сонуваат ли бебињата? Дали се сеќаваат на времето поминато во утробата на нивната мајка?
Бебињата се смеат и пред да се родат. Сте имале ли среќа да го видите вашето бебе како се смее на ултразвук?
Студијата која испитувала повеќе од 500 бремени жени користејќи 4Д ултразвук покажала дека дури 31 бебенце се смешкало уште во стомакот на мама.
-Сите се насмевнуваа во просек по 3,21 секунда. На овој начин, научниците открија дека спонтаните насмевки се појавуваат дури и додека бебињата се уште се во утробата на мајката.
Благодарение на развојот на нови технологии кои ни овозможуваат да ги гледаме бебињата во утробата, успеваме да ги видиме фетусите како се прозеваат веќе 18 недели по зачнувањето. Околу 26 -та недела од бременоста, тие можат да се смеат, трепкаат, па дури и да плачат – овие изрази на лицето се рефлекси кои се развиваат како еден вид подготовка за моментот на раѓање.
Првите насмевки кај бебето се рефлексни. За разлика од нас, многу е веројатно дека бебињата всушност не се свесни дека се смешкаат затоа зборуваме за рефлексно движење на усните.
За време на спиењето, новороденчето нормално поминува низ 2 фази на спиење: активен сон и длабок сон. Се смета дека активната фаза, позната и како РЕМ фаза, која означува брзо движење на очите, е предизвикана од интензивна мозочна активност. Ова се случува приближно 60-90 минути откако бебето заспива, но спиењето работи во циклуси, така што РЕМ фазата ќе се менува со длабок сон. Сепак, најверојатно ќе ги видиме нашите бебиња како се смеат, прават гримаси или ги истегнуваат нозете за време на РЕМ спиењето.
Бидејќи не можат да зборуваат, насмевката и плачот се основните средства за комуникација на детето. Нивните насмевки исто така можат да бидат одговор на позитивни чувства или смирувачки чувства како што се галење по образот. Пријатни стимули, како што се познати гласови, мириси и вкусови, исто така, можат да го насмеат бебето.
Новороденчињата не сонуваат, но имаат меморија.
И додека гледаме како бебето спие цврсто, често го гледаме и како се насмевнува, тоа не мора да значи дека сонува, дури и ако се чини дека е така. Всушност, ова е речиси невозможно, бидејќи новороденото бебе се уште нема доволно искуство за паметење, ниту пак има способност да замислува, а неговиот мозок продолжува да расте за да ги стекне тие способности.
Спиењето во првите недели од животот има многу специфични и значајни функции кои вклучуваат помагање на бебињата да го развијат мозокот, да обработуваат информации и да ја зацврстуваат меморијата, која почнува да се формира во матката.