MAMA

Зошто дремнувањето во текот на бременоста е добро за вашето бебе?

Дремнувањето во текот на бременоста е здраво за вашето малечко.

Бремена си и постојано си уморна? Една нова студија конечно потврдува дека дремнувањето во текот на бременоста е добро за здравјето на детето. Се поврзува со здрава породилна тежина и намален ризик од премногу ниска породилна тежина.

Истражувачите во Кина, каде што е вообичаена попладневната дремка, ги прегледале податоците од преку 10.000 жени вклучени во студијата. Како дел од студиајта, жените одговарале на прашања за своите навики на спиење во текот на бременоста.

Во споредба со оние кои воошто не дремнувале, оние кои имале попладневна дремка од барем час и половина, имале значително помали шанси да родат бебе со ниска породилна тежина (2500 грама и помалку).

Час и половина дремка дневно

Ќе биде добро. Што повеќе дремнувате, толку е појака врската. Поврзаноста помеѓу дремнувањето и здравата породилна тежина била најсилна кај жените кои пријавиле 90 минути дремнување, пет до седум дена во неделата.

Ова звучи одлично. Секако дека и други фактори придонесуваат за здрава родилна тежина. Што е најважно на што треба да внимават идните мајки? Па, секако, на своето здравје!

Претходните истражувања покажале дека бебињата на мајките кои биле здрави и здраво се хранеле, имале слична породилна тежина во сите делови од светот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close