Кафе муабет
Згодниот Турчин поради кој жените во Македонија ПАЃААТ ВО НЕСВЕСТ откри каква девојка сака- ова никој не го очекуваше
Сака девојки кои се постојано насмеани...
Шармантниот 32-годишен турски актер Џан Јаман ги полуде жените од целиот свет, па и од Македонија, со својот изглед.
Тој се прослави со својата улога во популарната турска серија „Романтичарот“ каде со своето совршено тело ги освои срцата на милиони жени ширум светот.
Џан дипломираше право и работеше во струката се додека пријателите не го убедија да се пријави на кастинг.
Тој е со косовски корени кој се прослави со улогите во популарните турски сапуници. Речиси секој ден со фановите на социјалните мрежи споделува моменти од деловниот и приватниот живот, а најмногу лајкови добиваат објавите во кои се гледа неговото совршено тело на општо задоволство на понежниот пол.
Џан Јаман, многумина го нарекуваат „турскиот Џејсон Момоа“, е роден во Истанбул во 1989 година и има корени од Косово и северна Македонија. Љубовта кон јазиците ја наследил од дедо му по мајка (дедо му зборувал шест јазици), а покрај турскиот зборувал и италијански, англиски и француски.
Јазичната гимназија ја завршил како најдобар ученик со највисоки оценки од постоењето на таа образовна институција.
Дел од средното образование го поминал во Америка, а по враќањето во Истанбул се запишал на правниот факултет и дипломирал во 2012 година. Веднаш почнал да работи во оваа професија, во PricewaterhouseCoopers, а пишувал написи за економската колумна во весникот Dunya. Во текот на годината, еден пријател го убедил да се пријави на аудиција за телевизиска серија и тој ја добил улогата. Првиот голем успех го постигна во серијата „Долунај“ во 2016 година. Турските медиуми пишуваа дека често се судирал и ја навредувал актерката од серијата Селен Сојдер, поради што завршил на суд и морал да плати казна за повреда на честа.
Последните неколку години живее во Италија. Тој го освои срцето на најпознатата спортска новинарка во светот Дилета Леота, но по неколку недели нивната врска се распадна. Зборувајќи за својата идеална сопруга, тој рече дека никогаш нема да му го привлечат вниманието оние кои се однесуваат како мажи или оние кои се премногу гласни, а не го привлекуваат ниту мистериозните жени. Го привлекуваат оние кои се среќни и истакна дека енергијата што ја има жената му е многу важна, заедно со мирисот и бојата на гласот.
Како што можеше да се прочита во овие текстови, актерот и атpaктивната спортска новинарка која има два милиони фанови на Инстаграм, наводно се разделиле, иако имаа закажано венчавка за 2022 година.
Тој е голем љубител на патувањата и со задоволство истражува нови места и земји. Тој привлече големо внимание при посетите во Грција, Шпанија, Италија и Србија кога дојде да ги промовира своите проекти.
„За време на карантинот имав време да научам да свирам тапани, но и да го совладам тангото. Мајка ми го учи тој танц, па ја замолив да ме научи. Дневната соба ја претворивме во сала за играње и вежбавме по неколку часа секој ден. Немам девојка бидејќи немам доволно време некому целосно да му се посветам“, изјавил Јаман претходно.