Кафе муабет

Зад затворени врати се сосема поинакви: Дадилката прозборе и откри се- еве како се согласуваат Александра и Филип, ова никој не го очекуваше

Тие се одлични родители...

Александра и Филип Живојиновиќ постојано потенцираат дека нивниот син Александар потполно им го промени животот.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Тие целото свое слободно време го поминуваат со него а пејачката неодамна откри дека моментално со синот учат детски песнички.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Иако уживаат во улогата на родители, како и повеќето млади парови, се потпираат на помошта на бабите Зорица и Борка, кои го обожаваат нивниот внук.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ важат за семејни луѓе, а среќата на синот Александар им е на прво место.

фото инстаграм/александра пријовиќ

-Од моментот кога се роди, тој не е само глава на куќата, туку и глава на нашите животи. Александар е нашата најголема среќа и љубов – изјави во една прилика Александра, која често може да се види лежерно облечена и без шминка како си игра со нејзиниот син во блискиот парк.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Александдра која важи за една од најбараните пејачки се врати на работа само три месеци по породувањето, а со цел нивниот син да биде згрижен што е можно подобро, ангажирале дадилка која и помага кога поради обврски мора да излезат од дома.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Во меѓувреме, тврдат упатените, таа жена станала како член на нивното семејство и стекнала голема доверба.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Имавме строги критериуми при изборот на дадилка. Ни беше важно таа да биде грижлива, да сака деца и да учествува во неговото воспитување на најдобар можен начин. Токму тоа го најдовме – изјави пејачката која три и пол години успешно се спротивставува на споделувањето фотографии од момчето во јавноста.

Фото Инстаграм/Филип Живојиновиќ

Како што славната двојка нема ништо друго освен пофални зборови за дадилката, така и таа зборува за работодавците со убави зборови.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

На пријателите им се доверила дека Александра и Филип се исклучително грижливи родители, дека момчето расте опкружено со љубов и внимание, а мама и тато се трудат да му ја исполнат секоја желба.

фото Стори.рс

Филип и е најголема поддршка…

Инаку Пријовиќ постојано е во центарот на вниманието поради бракот со Филип Живојиновиќ на кој многупати му предвидуваа крах.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Неодамна беше запрашана како се согласува со сопругот Филип Живојиновиќ и дали таа и Филип подобро се согласуваат откако станаа родители на синот Александар.

фото инстаграм/александра пријовиќ

– Се расправаме само за песни, тој ми ги направи мелодијата и текстот за песната „Звукот на тишината“. Беше многу заморно! Се расправавме многу, но секако сакавме се да биде што подобро. Испадна одлично и секогаш сум велела дека најмногу му верувам. Откако се забавуваме, тој најмногу ми помага – истакнува пејачката.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Многу се зборуваше за вашиот развод, како и за тоа дека неговото семејство вложи многу во вашата кариера – рече Огњен Амиџиќ, водителот на емисијата „Ами Џи шоу“.

фото инстаграм/александра пријовиќ

– Неговото семејство никогаш не ми помогна финансиски, се финансирав сама од првиот ден. Со овој бизнис почнав да се занимавам рано, на 14 години и така ме воспитуваа и учеа – се трудев сама да се борам и да заработам некој динар. Никогаш од никого не барав и никому ништо не должам, секогаш се трудев да не зависам од никого. Затоа сама вложив се во кариерата, па нема да дојде ден некој да каже дека инвестирал во мене, бидејќи се` сама направив – гордо истакна Александра.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close