Кафе муабет

ЗАВОДНИКОТ ПО КОЈ ЛУДУВААТ ЖЕНИТЕ СТАНА ТАТКО ПО ЧЕТВРТИ ПАТ: 25-години помладата сопруга, студентка по дизајн, му роди син!

Музичарот од бракот со Луција Матиќ има два сина, десетгодишниот Ноа и седумгодишниот Боно.

Миленкот на женската публика, Борис Новковиќ стана татко по четврти пат.

фото инстаграм

Тој е еден од најпопуларните текстописци на овие простои а овој ден ќе го запише како еден од најубавите во животот затоа што неговата партнерка, Ирис Волф роди син.

Т-портал дознава дека момчето е родено во вторникот напладне во загрепската болница Меркур со царски рез.

фото инстаграм

– Како и секој пат кога имав дете, овој ден е еден од најсреќните во мојот живот. Сè помина добро со мама и бебето и едвај чекам да се вратат дома – рече Борис Новковиќ за споменатиот медиум.

фото инстаграм

Да потсетиме, кантавторот и  поранешната манекенка и ‘редовна’ студентка за моден дизајн, во април 2019 година станаа родители на ќерката Си.

фото инстаграм

– Ирис и јас заедно го избравме името. Корените се од хебрејски, па дури и во Кина има такво име. Направивме комбинација на нашите имиња Ирис и Борис – рече тој за изборот на името на неговата ќерка.

фото инстаграм

Музичарот од бракот со Луција Матиќ има два сина, десетгодишниот Ноа и седумгодишниот Боно.

Освен што е приватен, кантавторот е задоволен и од професионалниот дел од неговиот живот. Тој е во креативен занес, а неодамна објави нов сингл ‘Full Moon You and Me’ кој ќе се појави на новиот албум што ќе излезе во мај.

фото инстаграм

Медиумите ги разведуваа!

Имено по гласините дека тој и неговата четврта сопруга Ирис Волф(28) се разведуваат, сепак изгледа дека љубовта на крајот победува, па така сега пејачот и неговата 25 години помлада сопруга го добија своето второ дете и четврто за Борис.

фото инстаграм

Кога медиумите во септември минатата година објавија дека неговата сопруга се иселила од семејниот дом, на многумина не им беше јасно зошто мажот по кој лудуваа жените нема среќа во љубовта.

Сепак, Ирис и Борис ја надминаа брачната криза, и сега тие се посреќни од кога и да е, додека кантавторот посочува дека месецов ќе имаат двојна прослава.

фото инстаграм
фото инстаграм

– Следниот месец, ќе имаме двојна прослава, вториот роденден на нашата ќерка Си, што е на 2 април, а потоа и раѓањето на нашиот син – рече кантавторот неодамна за хрватски „Глори“.

Инаку Борис зад себе има три брака, и многумина велат дека вечниот романтичар баш и нема среќа во љубовта.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close