Кафе муабет
ЗАВИТКАНА САМО ВО ПЕШКИР – Нашата позната водителка покажа како се негува и разубавува
Ваква не сме ја виделе досега...
Вера Meштеровиќ важи за една од најубавите водителки кај нас. Секое утро гледачите на Канал 5 телевизија имаат можност да се будат со нејзината прекрасна насмевка и да ја почувствуваат позитивната енергија која ја носи со себе оваа македонска убавица.
Оние кои не знаат, Вера беше првата мисица која ја претставуваше Република Македонија на официјалниот светски избор на убавина – Мис на светот кој таа година се одржуваше во Бангалор, Индија во далечната 1996 година, кога имаше само 17 години.
Иако поминаа 25 години од овој нејзин успех, Вера воопшто се нема променето. Што се однесува до физичкиот изглед таа сѐ уште може да се пофали со витка линија како во тинејџерските денови.
Вера беше една деценија во брак со фудбалерот Игор Кралевски.
Откако заплови во брачните води, својата кариера ја стави на пауза и целосно му се посвети на семејството.
Од бракот двојката ги има синот Андреј и ќерката Јована, додека фудбалерот од првиот брак во Хрватска зад себе го има и синот Теодор, кој живее со мајка му во Сплит.
„Огромна позитивна, движечка сила, единствената безусловна љубов, мојот мир, мојата сила, мојата гордост, мојот успех, мојата најубава искрена насмевка, мојот елан ми се моите децата.
Невозможно е да не ја споменам мајчинската мотивација која е нераскинлив дел од мојата личност, опис на моето реално секојдневие“, рече Мeштеровиќ во една прилика за Женски магазин.
Вера е доста активна на социјалните мрежи каде објавува дел од нејзиното секојдневие но и многу од нејзините соработки.
Па така на Инстаграм, во последното видео, водителката завиткана само во пешкир покажа како се негува.
Фото:Инстаграм/Вера Мештеровиќ
Таа легната се снимаше во салон за убавина, а постот беше посветен на метод за разубавување.
Објавата привлече доста внимание и коментари упатени на адреса на водителката.
Фото:Инстаграм/Вера Мештеровиќ
Но сосема заслужено!
И покрај нејзините 42 години, Мештеровиќ изгледа поубаво и позгодно од било кога!
Секоја чест!