Дом и семејство

ЗА СОБАТА НА СИНОТ ИСКЕШИРА 70.000 €! Пејачката ангажирала две дадилки и лична асистентка, а ЕВЕ КАДЕ ќе живее!

Го роди своето прво дете...

Пејачката Маја Беровиќ на крајот на февруари стана мајка на момче кое таа и нејзиниот сопруг го крстија Лео.

фото инстаграм/Маја Беровиќ

Маја се породи во Грац, во луксузен апартман за кој се шпекулира дека платила дури 7000 евра. Како што пишуваат медиумите, Маја имала посебна грижа во породилиште, фризер, шминкер, сала за медитација и најпрофесионални гинеколози, а за синот истакна дека ќе биде светски човек, дека тој ќе се школува во престижни училишта низ Австрија.

фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Сепак, Маја и нејзиниот сопруг Ален одлучија првите два месеци да ги поминат со бебето во нивниот прекрасен дом на Дедиње, кој се проценува на повеќе од еден милион евра.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– Маја и Ален едвај дочекаа да дојде новороденчето, по речиси 17 години љубов, а бидејќи сакаат нивното дете прво да научи српски, решија следниот период да го поминат во Србија.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

За реновирање на собата на бебето дале дури 70 илјади евра, а освен скап кревет, ѕидни слики, специјални прочистувачи на воздух, бебешка опрема Луј Витон, момчето ќе има и уникатна количка каква што има и ќерката на светски познатата ријалити ѕвезда Кајли Џенер.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Маја ќе ангажира и две дадилки, кои ќе и помагаат дома, но и личен асистент, со оглед на тоа што Ален често е на службен пат, не е лесно да се има приватен меѓународен бизнис – вели извор близок на пејачката и додава:

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– По само еден месец, музичката ѕвезда планира да се врати на медиумското небо, за публиката да не ја заборави, бидејќи не профитираше од брендот за шминка што го лансираше пред две години како што очекуваше. Мајката на Маја била многу разочарана од тоа што нема да биде секој ден со внукот, туку за него ќе има дадилка, бидејќи како старица не верува никому, и поради кражба и поради негрижа кон детето – истакнува извор близок до Беровиќ.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

За потсетување, Маја по самото породување објави фотографија додека го доеше нежно малиот Лео во раце, а набрзо следуваа низа коментари и пристигнуваа честитки.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ
Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

– Градев кариера, да се посветев на мајчинството немаше да го направам тоа што го направив. Во принцип, го постигнав тоа што го сакав во животот. Пред неколку дена објавивме снимка од концертот во Арена. Сега се разбуди желбата да имам нешто што е дел од мене, не треба да се форсира, туку да се чека вистинскиот момент – рече Маја.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Познато е дека пејачката живее на релација Белград-Грац, а според медиумите таа не правела прегледи во Србија, туку во овој австриски град.

Фото Инстаграм/Маја Беровиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close