Новости
ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска е Велики четврток- првото јајце има посебна моќ
Денеска се вапцаат јајца...
Денес е Велики четврток според источното христијанство тој е шести ден од Страсната седмица, односно пет дена по Лазаровата сабота и четири по Цветници.
На овој ден се прави спомен на светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Христос.
На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца.
Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, божјаче, откако ќе се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“.
Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики четврток, и само ова јајце не скапува! Останатите јаца се бојадисуваат во различни бои и на различни начини.
Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. Се верува дека првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот – главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има волшебна моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл.
Извор Википедија