Кафе муабет
Жика Јакшиќ за прв пат прозборе за 10 години помладата девојка: Среќен сум не ли гледате?!
Заедно се околу два месеци...
Продуцентот на „Гранд“ и водител на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ веќе извесно време ужива со својата нова девојка Тијана Мијаиловиќ.
-Ако ме прашувате за девојкатa, нема да го кажам тоа, ако сакате да игraме „асоцијација“ ни тос не го можам тоа – рекол Жика Јакшиќ за врската со новата партнерка.
– Среќен сум, не гледате? Немојте мене да ме бркате, не ми се допаѓа тоа. Подобро бркајте ги овие пејачи, тие се повеќе за тоа – изјави Јакшиќ за „Информер“.
Инаку, Тијана Мијаиловиќ е поранешна сопруга на фудбалерот на Црвена звезда Никола Мијаиловиќ, со кого има и син.
Жика веќе два месеци ужива во љубовта со адвокатката која е повеќе од десет години помлада од него.
Жика зад себе има два брака. По разводот од првата сопруга, која ја запозна во Германија, Жика се ожени со Дајана Пауновиќ, но ниту овој брак не опстана.
Сепак, Јакшиќ се уште не се откажал од љубовта, па сега си ја фати убавата Тијана.
Инаку, Жика Јакшиќ неодамна во една емисија откри зошто неговиот прв брак не преживеал.
– Се разведовме затоа што сум премногу тежок за живот во заедница, премногу сум независен, тешко се прилагодувам на секаков вид стеги, а и самиот брак ги носи стегите. Немавме никакви проблеми, кавги, измами, но едноставно не можевме да ги усогласиме нашите животни ставови и желби – изјави неодамна Јакшиќ.
Да потсетиме, продуцентот и авторот на емисијата „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ има два сина од два брака. Првиот син Андрија го доби од бракот со Снежана, додека Душан го доби пред шест години во брак со Дајана.
Малкумина го знаат неговиот постар син Андрија, кого го доби од првиот брак со Снежана. Тој живее во Германија, каде што некогаш живеел Жика.
Андрија Јакшиќ не е заинтересиран за естрада. Тој е најмладиот енолог во Германија.
Жика многу пати истакна дека е многу горд на својот син, бидејќи ја продолжи традицијата на неговиот роден град Александровац, кој е познат по винското кралство.
-Работата со вино е многу сериозна. Тоа го започна мојот син Андрија. Тој е најобразован Србин во тој поглед, тој е господар на енологија ( наука која го изучува виното од сите аспекти, од бербата на грозје до производство и складирање на вино) – се пофали Жика во разговорот за српски „Свет“.
-Иако тој можеше да ја заврши таа работа каде и да посака во светот, почнувајќи од Калифорнија, преку Канада, Париз и сите други дестинации, успеав да го задржам во Србија и сега тој работи тука – додаде Јакшиќ.
Неговата втора сопруга Дајана Пауновиќ по разводот во неколку наврати истакна дека одлично функционираат. И самиот водител вели дека добро се согласува со поранешната.
– Дајана е млада и успешна жена која ги има сите права на овој свет да биде сакана, да ужива и да биде среќна. Ние двајца сме во одлични односи. Ќе ви признаам дека јас за нејзината врска знам уште од почетокот, но умеам да чувам такјна, така ниту коментирам нешто ниту издавам. А за мојот приватен живот, ќе ви кажам само дека не сум сам и дека не сум осамен, моментално ми е многу добро, беше искрен Жика.
– Дајана и јас сме пример како луѓето и по разводот многу убаво и нормално можат да функционираат, рече Јакшиќ, на што Дајана се надоврза:
– Жико, ние сме пример за тоа како луѓето уште подобро можат да функционираат по разводот отколку во брак – низ насмевка искоментира водителката.