Кафе муабет

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ЦЕЦА ЗА ВРСКАТА НА АНАСТАСИЈА СО ПОЗНАТИОТ ФУДБАЛЕР: Една работа особено и се допаѓа

Сака спортисти...

Анастасија Ражнатовиќ моментално е во топлата Шпанија, а откако се прошири веста дека младата пејачка е во врска со Немања Гудељ медиумите не престануваат да копаат информации за парот!

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Ќерката на Цеца објави неколку стории на својот Инстаграм профил во друштво на мајката на Гудељ и неговата сестра Вања. Потоа се проширија фотографиите на кои таа е излезена со своето момче на вечера во ресторан во Севиља.

Очигледно е дека популарната Анастасија е одлично прифатена во семејството Гудељ, кое е максимално спортско – заедно со Немања, кој е српски фудбалски репрезентативец, со истиот спорт се занимава и неговиот постар брат Драгиша, додека неговата сестра Вања игра тенис.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Цеца се уште не го запознала новото момче на Анастасија бидејќи, како што пишува Блиц, последните два пати кога момчето било во Белград настапувала надвор од Србија.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Сепак, познато е дека Цеца многу ги цени спортистите, и дека нема ништо против поголема разлика во години.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

Анастасија сега има 24, а Немања 30, но тоа не и би и пречело на Цеца која била 21 година помлада од сопругот.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

Во моментот кога се пишуваше дека Таша се забавува со Милош Теодосиќ, Цеца одби да ја коментира оваа врска, но блиски луѓе потврдија дека таа сака момчето на нејзината ќерка да спортува.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Анастасија долго време беше во врска со Ѓорѓе Куљиќ, но оваа врска неодамна заврши.

фото архива

Објаснувањето било дека љубовта се „оладила“ поради долгата разделба и патувањата, па сега ќе видиме како ќе функционира врската Белград -Севиља.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Неодамна Анастасија, наследничката на Цеца Ражнатовиќ зборуваше за првиот хонорар, се осврна и на првиот настап и на вториот кој мораше да го откаже поради здравствената состојба.

Фото Инстаграм/Ѓорѓе Кулиќ

Анастасија проговори и за раскинувањето со младиот бизнисмен Ѓорѓе Куљиќ со кој беше во врска 5 години.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Навистина мислам дека не останав недоречена, бидејќи кажав се за таа приказна така како што е, иако се очекува да биде многу побомбастична и подраматична. Немаше страдање. Ние сме возрасни луѓе, цивилизирано се разделивме и продолживме понатаму, секој на свој начин – истакна Анастасија и додаде дека Ѓорѓе не ја разочарал и повредил:

ФОТО: Анастасија Ражњатовиќ / Инстаграм

– Не Никогаш. Тој е прекрасна личност и навистина му посакувам прекрасен живот и иднина од се срце. Секогаш сум отворена за љубов и убави чувства. За мене љубовта е најубавото нешто на светот – истакнала Анастасија за „Стори“.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Независноста датира од мојата 17-та година кога ги заработив првите пари од реклами, а подоцна кампањите беа поврзани една со друга. Што се однесува до настапот, конечно го работам она што го сакам и сакам да се дружам со публиката. Посакувам да не се случеше, но им се случува и на најискусните. Фала богу, добро сум, немаше ништо посериозно, едноставно бев премногу уморна. Од возбудата и патувањето цел ден не стигнав да јадам ништо, а покрај сето тоа имам напорни тренинзи и динамичен живот, па се се одрази на моето здравје, за жал во многу лош период – изјави Анастасија.
Ражнатовиќ истакнува дека се изградилоа како личност благодарение на тоа што пораснала со две силни жени, мајката Цеца Ражнатовиќ и тетката Лидија Оцокољиќ:

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Многу сум среќна што пораснав со две силни женски фигури, кои ми го покажаа патот и ме научија да бидам храбра со нив. Тој силен дух ми го пренесоа и се надевам дека ќе го пренесам и на ќерка ми – истакна Анастасија и додаде дека татко и секогаш и недостасува:

Фото Инстаграм/Анастасја Ражнатовиќ

-Таков недостаток не го одредува некоја посебна ситуација, секогаш некаде во тебе молчи. Барем во мојот случај. Секогаш ми недостига татко ми, но научив и да го прифатам тоа и да го живеам својот живот, па ако ме гледа да биде горд.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ
Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ
Фото Инстаграм/Анастасја Ражнатовиќ
ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close