Кафе муабет

ЕВЕ КОЈА Е УБАВИЦАТА СО КОЈА СЕ ЖЕНИ БИКОВИЌ: Денес е успешна адвокатка а минатото се крие како змија нога!

За сега негираат дека ќе има свадба...

Милош Бковиќ, актерот кој буквално ги остави без здив сите жени во регионот, наводно ќе прави свадба во текот на годината за кругот на пријатели на Мокра Гора.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстаграм

Ивана (25) е адвокатка, по потекло од Бар, Црна Гора, а е во роднинска врска со учесникот на реалити шоуто Владимир Томовиќ.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстаграм

На нејзиниот Инстаграм профил може да се видат слики од различни дестинации, па евидентно е дека убавата Ивана обожава да патува и да ужива.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Покрај тоа, Ивана секогаш краде воздишки со својот префинет вкус, па може да се заклучи дека новата девојка на Биковиќ има вкус и стил.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Ивана и Милош првпат се појавија заедно минатата година на Светското првенство во бокс во Белград, а потоа и на премиерата на филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Актерот наводно ја започнал врската со Црногорката во август минатата година, само седум дена по раскинувањето со Русинката Арина Волошин, по што заминале на заедничко патување во Ровињ, во хотел со пет ѕвезди, каде ноќевање чини колку 700 евра.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

Иако на самиот почеток на врската не се следеа на Инстаграм, ниту се појавуваа заедно во јавноста, Ивана не ја криеше љубовта кон актерот, а емоциите ги покажа со ситни детали.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

– Засега Милош не е подготвен јавно да зборува за Ивана, но не и да се фотографира. Тие се само на почетокот на врската и се е свежо. Засега се е како што треба. Тие се разбираат и Ивана целосно ја разбира работата на Милош. Таа е талентирана, млада девојка, убава и амбициозна, исто како него, па си одговараат- изјавил пред неколку месеци извор близок на Биковиќ.

фото инстаграм/Ивана Малиќ

– Биковиќ не ја следеше Ивана на Инстаграм додека не се појавија заедно во јавност, но таа објави низа фотографии со иницијали МБ на зглобот, дека се во врска укажуваа и фотографиите направени на локацијата каде тој го снимаше филмот, објави со неговата јакна како и внатрешноста на неговиот стан истакнал изворот.

Фото Инстаграм/Милош Биковиќ

Актерот истакна дека за сега нема да се случи венчавка…

– Не го коментирам мојот приватен живот, поточно многу ретко зборувам за тоа. Можам да кажам дека, засега, тоа не е точно, што не значи дека нема да биде во иднина, ниту дека можеби не се случило – изјави Милош за Телеграф.

ФОТО: Милош Биковиќ / Инстаграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстаграм
ФОТО: Милош Биковиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close