Кафе муабет
„ЕВЕ КАКО ЌЕ СЕ ВИКА ЌЕРКАТА“: Сека Алексиќ откри- Јаков избра име
Во септември заминува на Ин-витро...
Популарната пејачка Сека Алексиќ синоќа настапи на еден белградски сплав, а притоа и одговараше на прашања на новинарите.
Пејачката призна дека успеала да се „преполови“.
– Благодарам, но не се преполовив, ослабев само осум килограми, би сакала да ослабам уште пет. Да бидам искрена, ништо не јадев, и само толку ослабев – низ смеа рекла Сека.
Јавноста веќе знае колку време Сека сакаше да стане мајка, а пред шест години таа желба и се исполни.
Првото дете Јаков го роди во септември 2016 година, а четири години подоцна, поточно во јануари 2020 година, го роди вториот син Јован.
Сека во неколку наврати истакна дека мајчинството е најубавото нешто што една жена може да го доживее, а како што рече, би сакала да добие ќерка со сопругот Вељко Пиљикиќ.
Нејзиниот постар син избрал име за сестричката а тоа е Софија.
Сака да има пет деца…
Светлана објави дека во септември планира да оди на ин витро оплодување.
Пејачката додала и дека сака големо семејство и дури пет деца.
– Сите грешки што ги правиме како родители со првото дете, ги исправаме со второто, третото, четвртото и петтото. Се надевам дека ќе бидат пет. Се надевам. Во септември планирам повторно да одам на вонтелесно оплодување. Што и да биде, Господ да даде само здравје – изјави пејачката.
Пејачката се осврна и на темата каква е како мајка, и истакна дека е среќна и задоволна што се исполнила во таа улога бидејќи тоа е она што го посакувала долго време.
– Замислете да родам близнаци. Колку и да даде Господ, јас сум задоволна. Макар и да не забременам повторно јас сум среќна и задоволна. Како мајка го постигнав тоа што го посакував долго време – истакна пејачката.
Во неколку наврати пејачката Сека Алексиќ зборуваше за борбата за потомство и долгото чекање да се оствари во улога на мајка.
Сега кога ги има синовите Јаков и Јован таа вели дека мајчинството е најголемиот дар кој го добила во животот и во улога на мајка најмногу ужива. Таа и нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ седум години чекале да добијат дете и да се остварат во улога на родители а нивниот син Јаков дојде во вистинско време.
Многудетното семејство отсекогаш било нејзин сон, а синот Јован бил следниот дел од нивниот семеен мозаик.
Сека во една прилика откри дека би сакала да има пет деца со сопругот Вељко, а синовите и се најголема гордост.
„Господ ќе не дарува со уште повеќе. Колку повеќе деца има, толку е посреќна куќата. Се надевам, со вера во Бог, дека Јаков и Јован ќе добијат повеќе браќа или сестри“, рече Сека, на која не и е грижа дали следниот член на семејството ќе биде повторно девојче или момче.
Пејачката откри колку ја променило мајчинството и како сега покрај себе има само вистински пријатели.
“Им простив на луѓето пред децата. Не сакам да живеам во лоши и грди чувства. Им простувам на сите, но секогаш ги чувам блиску до мене луѓето кои се вистински пријатели, кои ме сакаат мене и моето семејство и обратно”, изјави пејачката за Блиц.“Како што одминуваат годините, сè повеќе сфаќам колку сум зрела покрај Вељко и колку ништо во мојот живот не би било исто доколку тој не наидеше. Вистински столб на семејството и поддршката. Тешко е Вељко толку лесно да го изнервирате. Точен е, правичен и секогаш сака да се почитува редот така, можеби некогаш кога ќе скршнам од патот, ќе се налути и ќе ме врати во правиот правец“, беше искрена Сека.