Бременост
Еве како Цеца дознала дека ќе стане баба по трет пат: Анастасија и ги соопштила најубавите вести а еве како реагирала мајка и!
Цеца е пресреќна...
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ моментално е бремена во четвртиот месец, и таа и нејзиниот партнер Немања Гудељ наскоро ќе станат родители на девојче.
Идната баба, Светлана Цеца Ражнатовиќ не можеше да ја сокрие среќата по повод оваа вест, па за медиумите откри како дознала за доаѓањето на внуката:
– Кога Анастасија преку видео повик ми кажа дека чекам трето внуче, бев пресреќна. Таа вест не беше шок за мене, туку прекрасно изненадување. Ова е голем благослов од Бога за целото семејство. Таша сега се чувствува одлично, не е разгалена, само спие малку повеќе од вообичаено, но тоа е нормално – изјави Цеца во емисијата „Цеца шоу“.
Да потсетиме, Анастасија и Немања веќе започнаа заеднички живот во Севиља каде уживаат во секојдневието.
Многу се шпекулираше за нивната венчавка и за тоа каде ќе се одржи, а според медиумите младиот пар планира да организира интимна венчавка само за своите најблиски роднини и пријатели.
Како што објавија тамошните медиуми, церемонијата била планирана за јули годинава. Парот избрал да се венча во Севиља а потоа следната година ќе следува гала-венчавка и црковната венчавка.
– Анастасија и Немања се пресреќни што ќе добијат ќерка. Тие веднаш им ја соопштија на своите семејства добрата вест. Цеца плачела, а Вељко бил пресреќен што ќе стане вујко. И семејството на Немања со нетрпение го очекува доаѓањето на бебето. Мајката на Гудељ, Оливера, едвај чека да го добие првото внуче, како и таткото Небојша. Сите се воодушевени – раскажа неодамна извор близок на парот.
-Таша сакаше да се породи во Шпанија за нејзината ќерка да го добие нивното државјанство. Затоа ја покренала постапката за добивање постојан престој во таа земја. Но, таа процедура се уште не е завршена, па таа не може да дојде во Србија. Но, таа едвај чека да заврши се за да дојде во Белград, бидејќи семејството и недостасува многу – заврши изворот.