Кафе муабет
Душко Тошиќ има нова девојка, сите зборуваат за нив а знае и Јелена- го прослави разводот со песна!
Како ли ќе реагира Јелена...
Софија Шашиќ во јавноста е позната како ќерка на Соња и Жељко Шашиќ, но досега не беше во центарот на медиумите.
Сепак сега се најде на тапет откако во медиумите се појави веста дека Софија е во тајна врска со Душко Тошиќ кој е во брак со пејачката Јелена Карлеуша.
Наводно Софија и 15 години постариот Душко одржуваат тајна врска веќе неколку месеци, па дури за тоа дознала и неговата сопруга.
– Софија уште од мала е навикната на удобен живот. Сака патувања, брендирана облека, оди на популарни места и иако е многу млада, живее на висока нога. Сите момци досега биле ситуирани и и обезбедиле животот каков што сака – рекол изворот за „Ало!“ на самиот почеток и открил како настанала емотивната врска меѓу Душко и Софија.
Мајката на Софија, Соња долги години е пријателка со сопругата на Душко. Тие двајца во неколку наврати се најдоа во исто друштво и потоа си се допаднаа. Секако, Софија знаела дека тој е оженет, па не сакала лесно да влегува во врска со него. Душко е 15 години постар, оженет, има две деца… – вели изворот.
– Сепак, тој и тврдеше дека бракот му е на стаклени нозе, ја опсипал со внимание и таа решила да му даде шанса. И двајцата многу патуваат, па контактите најчесто ги одржуваат во странство каде не мора да се кријат таму. Заедно се неколку месеци, нивните најблиски пријатели се запознаени со целата ситуација и им помагаат да се гледаат што почесто, без да предизвикаат сомнеж. Најчесто се во некој од неговите станови – објаснил соговорникот, и открил дека сопругата на Душко дознала за оваа афера.
– Неговата сопруга дознала дека Душко и Софија се во шема. Веднаш ја избриша од Инстаграм својата поранешна пријателка Соња и го прекина секој контакт со неа – заклучи соговорникот.
Инаку, Софија, како и нејзината мајка Соња, продава облека, а има и свој бренд. Таа е многу популарна на социјалните мрежи и често објавува фотографии од егзотични дестинации, што ги гледаат 130.000 луѓе кои ја следат на Инстаграм.
Со песна го славеше разводот
Душко Тошиќ во средата го прослави својот 37 роденден, но без сопругата. Фудбалскиот менаџер решил да направи машка забава, па на роденденската забава ги угостил долгогодишните пријатели и колеги. Душко во родниот Зрењанин се радуваше и пееше стихови: „Venčavao sam se i razvodio s kafanama velegradskim“, а многумина мислеа дека тоа е песната со која го слави разводот.
Во продолжение уште неколку фотографии од новата девојка на Душко…