Дом и семејство

Драгана Мирковиќ се надмина себеси: Дворец како од бајките, погледнете како ја украси палатата во Виена- од деталите ќе ви застане здивот

Прекрасно...

Не е тајна дека Драгана Мирковиќ живее во луксузен дворец во Виена.

фото принтскрин

Но за празниците фолк пејачката го претвора својот дом во вистинска бајка. Драгана многу внимателно ги одбира деталите и ужива во украсувањето на домот и во магијата која ја носат празниците.

фото принтскрин

И оваа година не изостанаа луксузните украси а посебно внимание на фановите им привлече новогодишната елка но и дворот кој пејачката го украси по стилот на светските ѕвезди.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Драгана Мирковиќ детално покажа како го украсила замокот во Виена, каде живее со сопругот Тони Бијелиќ.

фото принтскрин

Во нивниот дом во декември традиционално се е во духот на празниците, бидејќи семејството ги слави сите празници.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Драгана се одлучи за модерна елка во нежни бели и беж тонови, која на амбиентот му дава префинета нота и одлично се вклопува со луксузните лустери со кристали Сваровски.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Под елката секако има и подароци, а пејачката создаде и зимска бајка во дворот на замокот Ебенфурт, блиску до Виена, кој вреди повеќе од 50 милиони евра.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Декоративните растенија се украсени со црвени машни а атмосферата ја збогатуваат свеќите поставени на патеката која води до луксузниот влез.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Дури и влезовите се украсени со традиционален божиќен венец со црвени машни.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

Драгана ги доби сите пофалби за својот дом а многумина коментираат дека таа се надминала себеси оваа година.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Пејачката уште една покажа дека е вистинска домакинка па се потрудила во нејзин стил да ја уреди куќата пред празниците.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Домот на Драгана Мирковиќ пред божиќните и новогодишните празници изгледа како бајка а нема сомнение дека за неколку дена домаќинката ќе почне да ја подготвува празничната трпеза околу која ќе се соберат нејзините најблиски.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Драгана неодамна откри дека Мануела и Марко Бијелиќ веќе некое време не живеат со неа, поради студиите живеат во стан во Виена, но по повод католичкиот Божиќ ќе го посетат семејниот дом и заедно ќе го прослават празникот.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Истата ситуација се очекува и на 7 јануари, кога православните верници го слават Божиќ.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Иако е на естрадата со децении, популарноста и славата не ја променија. Таа сè уште ги прави сите работи што ги научила од нејзините родители и не се двоуми да ги засука ракавите и да ги демонстрира своите кулинарски вештини во својот замок.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

– Јас сум совршена жена, сакам се да подготвувам. Сакам тестенини, но немам проблем да влезам во кујна и да готвам. Уживам во се што е својствено за секоја жена затоа што искрено штета е жената да не знае да приготвува храна, мислам дека би требала да се срами. Не можам да кажам дека го правам сето тоа, или дека готвам секој ден, имам помош дома, но сакам да учествувам, особено кога се во прашање празниците, уживам во готвењето, почнувајќи од декорацијата, истакна Драгана во една прилика.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close