Новости

Долгорочните последици од коронавирусот се застрашувачки- еве каков траен ефект остава врз оние кои го прележале!

Новата студија покажа шокантни резултати...

Загрижувачка студија за последиците од коронавирусот беше објавена во Израел и предизвика паника кај многумина.

Имено станува збор за студија во која се посочени долгорочните ефекти на инфекцијата со коронавирус, која откри дека 45-годишни пациенти кои биле вклучен во студијата, и кои го прележале вирусот Ковид19 се чувствуваат како да се на возраст од 80 години. Тоа го покажале и тестовите за физичка активност.

Во истражувањето, спроведено од израелскиот медицински центар Бејлинсон, учествувале 30 лица со просечна возраст од 45 години, објави „Тајмс оф Израел“. Три месеци откако беа официјално излекувани, од нив беше побарано да извршат низа едноставни физички активности, во кои се покажаа како доста лоши.

foto jutarnji.hr/

Една од задачите беше пешачење шест минути и за тоа време поминаа околу 450 метри, додека просекот за нивната возрасна група е околу 700 метри.

Тие не се покажаа како добри ниту во клекнувања(чичњеви). Учесниците во студијата успеаја да станат и да седат 14 пати за половина минута, пропуштајќи ја нормата за цели 16 чучњеви.
Истражувачите рекоа дека резултатите кај луѓето излечени од ковид се слични на нивоата на кондиција што обично се среќаваат кај луѓе на возраст од околу 80 години.

Наодите на израелскиот тим потсетуваат на слично претходно истражување, кое исто така покажа дека оние кои се опоравиле од ковид и по неколкумесечно закрепнување, покажуваат замор или мускулна слабост.

Пандемијата нема да заврши ниту оваа година?

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека е нереално да се мисли дека светот ќе се ослободи од „ковида-19“ до крајот на оваа година.

Директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан, рече дека, сепак, трагедијата во кризата со корона може да се избегне со намалување на бројот на хоспитализирани и починати, пренесува „Гардијан“.

foto inz.ba/

Тој додаде дека вирусот е сè уште оној што има контрола, особено имајќи го предвид зголемувањето на бројот на новоинфицирани минатата недела, по шест последователни недели опаѓање на бројот.

„Би било многу прерано и нереално да се мисли дека ќе се ослободиме од вирусот до крајот на годината, но ако сме паметни, можеме да завршиме со хоспитализации, смртни случаи и трагедија поврзана со пандемијата“, рече Рајан.

Фото Илустрација

Британски мутиран вид на вирусот

Кон крајот на декември минатата година, светот се шокираше од веста за мутираниот британски вид на коронавирусот.

Британскиот вид досега е откриен во најмалку 82 држави, пишува Њујорк тајмс.
Инаку според последното истражување спроведено од научници кои ја советуваат британската Влада, новиот вид коронавирус, откриен во Велика Британија, е многу веројатно посмртоносен од оригиналниот, пишува Бизнис Инсајдер, пренесува Фокус.

Foto: Profimedia/MICHAEL KAPPELER/AFP

Научниците според нивните истражувања забележале дека новиот вид, попознат како Б.1.1.7, може да биде 30 до 70 проценти поубиствен од оригиналниот вирус.

Како што објави МИА, новиот мутиран вирус пристигна и во Македонија а во периодот од 1 до 7 февруари, до ИЈЗ се пријавени 649 материјали кои биле секвенционирани за присуство на британскиот сој на коронавирусот од три лаборатории (ИЈЗ, Жан Митрев и МАНУ). Од секвенционираните, 56 се позитивни за присуство на новиот сој на вируот, а забележано е дека е присутен во осум градови.

Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти, кои претходно не биле присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на континуиран внес на нови случаи на Ковид-19 од странство, објави МИА.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close