MAMA
Добива низа критики затоа што е премногу згодна- оваа мајка доживува тepop на социјалните мрежи!
Јас доживувам тepop на социјалните мрежи од други мајки, вели Кејтлин...
27 годишната Кејтлин Флеџер е мајка на две деца и на социјалните мрежи постојано објавува фотографии, но и покрај тоа што е згоднам и атрактивна таа се соочува со низа негативни коментари.
Јас доживувам терор на социјалните мрежи од други мајки, вели Кејтлин.
Таа инаку е инфлуенсерка од Канада, која има 27 години и има две деца. Како што вели, мета е на напади на социјалната мрежа Инстаграм и секој ден добива низа коментари поради нејзиниот изглед.
– Ова се само некои од коментарите што ми ги пишуваат: „Кога поставувате такви слики, подебелите луѓе се чувствуваат лошо поради нив“. “Дали јадете нешто?”. „Јас сум за позитивен став кон телото, но ти си премногу слаба“. „Нема шанси да изгледате така и да јадете нешто. „Никако, јас се изгладнувам секој ден и не изгледам така“. „И даваш лош пример на твојата ќерка, тажно. „Јадете нешто, мажите не сакаат да гризаат коски. Можеби мислите дека е лошо кога навредувате некого поради дебелина, но и ваквите коментари не се во ред – вели оваа мајка.
– Секогаш нè учеа да не коментираме нечие тело, ниту да прашаме некого како и зошто се здебелил. Сепак, за сите е во ред да коментираат негативно кога некој е слаб и се претпоставуваат најлошите работи за него, дека е болен или зависник- вели таа.