Кафе муабет
“До крајот на животот” како што ветија: Цеца и Богдан донесоа важна одлука
Останаа пријатели ...
Пред точно една година главна вест во медиумите беше дека Богдан Срејовиќ и Цеца Ражнатовиќ раскинаа.
Српската фолк дива секогаш е интересна за јавноста кога е во прашање нејзиниот приватен живот. Таа со години важи за една од најдобрите пејачки на Балканот.
Кога станува збор за емотивните избори, пејачката долго време беше сама, а потоа во нејзиниот живот влезе Богдан Срејовиќ за кого јавноста особено почна да се интересира.
Уживаа неколку месеци во љубовта, Вељко и Анастасија го прифатија момчето на нивната мајка, дури Богдан се пресели во нејзината вила, по што многумина мислеа дека Цеца ќе стапне на лудиот камен.
Секој слободен момент двајцата го користеа за да одат на заеднички патувања, но нивната база беше во Белград, во куќата на Цеца.
– Тешко е сега нешто да ме промени, бидејќи јас сум формирана личност, а и тој. Нашата врска се заснова на љубов, доверба и компромис, бидејќи без компромис не може, нема еднонасочна улица. Јас сум зрела, стабилна личност, и тој е таков и не ни е тешко да функционираме. Тој многу добро знае со кого е во врска, знае и што сакам, а јас знам што тој сака и многу сум среќна. Смирена сум, среќна и задоволна, а тој мир нема цена – изјави Цеца тогаш за „Пинк“, па откри зошто не сака повторно да застане на „лудиот камен“.
– Не морам ништо да бркам. Реализирана сум како мајка, што ми е најважно во животот и таа хартија не ми значи ништо за да функционира врската. И тој има брак и дете зад себе, ниту пак брка некои работи, сега да формира семејство и да очекува деца, па ни јас … само ни се допаѓа што сме заедно, што поминуваме многу време заедно, дека си го правиме животот подобар, секојдневието, а таа хартија апсолутно нема да ја надгради мојата врска, ниту да донесе нешто поубаво, поново – изјави таа во една прилика.
Но за жал по кратко време дојде до разделба меѓу овој заљубен пар.
Имено, тие на 02.02.2022 година дадоа заедничко соопштение во кое меѓу другото се вели:
– Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот.
По раскинувањето секој тргна по својот пат, Цеца набрзо по разделбата отпатува на Малдиви, додека Богдан со семејството остана во Белград.
Дека двајцата се во добри односи говори и фактот што се уште се следат на Инстаграм иако обично познатите парови веднаш ги бршат заедничките фотографии и се отследуваат од социјалните мрежи.
Врската на Цеца и Богдан продолжува да ги интригира медиумите, иако тој неодамна на својот Инстаграм профил се пофали со својата нова девојка.