Дом и семејство
“Девојката со крилја” покажа како ја чешла ќеркичката со стапалата: Овие фотографии ќе ви го стопат срцето
Ужива во улогата на мајка...
Сликарката и шампионка во паратаеквондо, која се занимава и со стрелаштво, Дејана Бачко, јавноста ја познава како Девојка со крилја.
Неодамна се оствари во улога на мајка и не крие колку е среќна поради тоа. Таа сега објави видео на кое ја чешла својата ќерка и доби низа позитивни коментари од своите следбеници.
Дејана и нејзиниот партнер Марко Нежиќ пред неколку недели станаа родители, а Девојката со крилја секојдневно на Инстаграм објавува како се справува со секојдневните активности и обврски околу бебето, што кај многумина предизвика восхит и длабока почит.
Таа во најновото видео покажа како го чешла своето бебе со стапалото, како што прави и се останато со стапалата.
Со ова видео таа допре до срцата на сите, додека под објавата се редеа коментари за поддршка.
Дејана неодамна сподели и семејна фотографија од нивната прва прошетка, а гордите родители не можеа да ја тргнат насмевката од нивните лица.
Да потсетиме, Дејана на крајот на февруари роди девојче, кое го доби името Лара, што на грчки значи победа.
– Јас сум одлично. Тоа е неописливо чувство, навистина, многу ми е мило што станав мајка. Нова улога, голем предизвик. Јас сум многу среќна. Секако, тука е и поддршката од мојот сопруг, а тука ќе биде неговото и моето семејство – изјави храбрата Дејана непосредно по породувањето.
– Дејана навистина добро издржа се, како што издржува се друго. Од моја страна јас сум сосема опуштен – додаде нејзиниот сопруг Марко за Радио-телевизија Војводина.
– Боже, ти благодарам за овој подарок – напиша таа во објавата, по што доби многу позитивни коментари.
„Сега си мајка со крилја, бебето е преубаво“, „Браво, жива и здрава Лара“, „Честитки“, беа само некои од нив.