Кафе муабет
ДЕБАРЛИЕВА: Пијам црвено вино и знам да запеам, но на маса во кафеана не се качувам…
Водителката искрена: Знам да се развеселам, но на маса во кафеана не се качувам...
И покрај нејзините долги години телевизиско искуство и професионален ангажман, се чини како времето ништо да не и може на една од најубавите жени кај нас – водителката Билјана Дебарлиева.
Но водителката освен со убавината ги плени телевизиските гледачи со својот шарм и позитивна енергија. Гледачи, пак, постојано коментираат за нејзината природна убавина и непосредност.
За младешкиот изглед и за коментарите дека изгледа доста помлада од возраста, таа раскажува дека во поглед на негата нема нешто што посебно би го издвоила, освен оние вообичаени утрински и вечерни ритуали на нега на кожата со препарати што одговараат на нејзиниот тип кожа и на годините.
„Одам на редовни козметички третмани, користам креми со заштитен фактор, зашто знаеме дека сонцето ја старее кожата, многу вода, овошје, зеленчук, позитивна мисла и насмевка. Би ја додала овде и генетиката и сето тоа заедно придонесува за свежина во изгледот“, раскажува шарматната презентерка за Женски магазин.
Неодамна Дебарлиева на социјалните медиуми објави дека по 11 години нема да биде дел од екипата на Канал-5 телевизија. На нејзиниот фејсбук профил таа се сликаше со своите колешки кои и посакаа среќа во новите предизвици.
Денес, таа има своја емисија за здравство која се емитува на фреквенцијата на ТВ 24.
Три децении Дебарлиева е во медиумскиот простор. Таа остана еден од омилените ТВ ликови, пред се поради нејзината професионалност, правилната дикција и негувањето на македонскиот литературен јазик.
,,Ми беше незгодно и во продавница да влезам и да прашам нешто, а не пак, да сум пред камери. Едно лето се бараа најавувачки на програмата во МРТ. Бевме на журка, па другарка ми ме убеди, а Јован тогаш се’ уште ми беше дечко ми рекоа: ајде де, пробај, ништо не губиш. Потоа ми рекоа дека ме сакала камерата и така почна целата приказна’’, раскажува Дебарлиева за Репортер.
,,Препознатлива по својата смиреност и нежен сензибилитет, на прашањето има ли шанси да се качи на маса кога е во кафеана, низ насмевки за Репортер вели: Не, не. На маса нема да се качам, може тоа ептен блиски луѓе да сме, ама и тогаш тешко. Иако јас сакам многу да пеам, сакам да пијам црвено вино , сакам убава музика, , кога сме собрани друштво’’, искрена е Дебарлиева