Кафе муабет

Дарко Лазиќ ја обвини порашешната дека не дозволува Барбара да го гледа неговиот син

На прашањето како се сложува со новата девојка, тој вели дека е заљубен и задоволен од тоа како течат работите....

Пејачот Дарко Лазиќ веќе извесно време е центар на вниманието поради врската со својата нова девојка Барбара, поради расправиите со поранешната свршеница Марина Гагиќ…

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Тој сега реши јавно да проговори за врската со бившите, Ана Севиќ и Марина Гагиќ, децата Лорена и Алексеј, но и за животот со неговата нова девојка Барбара Бобак со која сега живее во Нови Сад и откри дека причината поради која се преселил токму таму е тоа што се заљубив во тоа место.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Го сакав Нови Сад и порано, тоа е најубавиот град за мене. Некако се заљубив во него. Се разбира, исто така, поради неа, бидејќи таа е веќе таму, и – зошто да не!

На прашањето како се сложува со новата девојка, тој вели дека е заљубен и задоволен од тоа како течат работите.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Презадоволен сум, одлично се сложуваме, се разбираме и тоа е многу важно. Таа и јас сме доста слични, има многу работи, кога ќе почнам да зборувам – никогаш нема да завршам. Најважно е тој заеднички јазик и тоа разбирање, прагот на толеранција што ми одговара многу. Ние ја работиме истата работа и се разбираме.

За Марина рече дека не може да разбере зошто го претставува како некој што не е. Имено пејачот вели дека таа е помалку детинеста но сепак е мајка на неговото дете и тоа за него е најважно.

– На Марина и реков само едно што ми е важно, а тоа е дека имаме дете, дека заедно ќе се грижиме за тоа дете. Не и бранам да ма момче, важно е само тој некој да биде љубезен со моето дете, бидејќи знам дека мојата девојка ќе биде љубезна со него. Нека си го води животот, нека ме остави на страна и нека си прави кариера преку некој друг.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

На Ана и ја платив цела алиментација. Јас и Ана веќе не сме ни на суд, ние сме во ред, дури и повеќе од во ред, се е нормално. Не знам што сега и должам на Марина, ја објави приказната дека не плаќам редовно, не го гледам детето, не разбирам зошто. Ја имам секоја уплатница, не знам што сака да постигне освен што знае дека сум слаб на тие работи и сака да ме поттикне да се нервирам. Имам деца за кои треба да се грижам во иднина, и ако не се грижам за нив и не се обидам да направам нешто во животот, никој нема. Поточно, не сакам некој друг да се грижи за моите деца без јас да сум таму.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Секако дека ми е жал што не ги гледам децата почесто, би сакал да се будам секое утро покрај нив како и секој нормален маж. Не знам зошто некој ме прави чудовиште, дека моите деца не ми се важни, дека сум себичен. Кога Дарко е добар тогаш се е убаво, а кога Дарко не е таму, тогаш има проблем. Малку ми е преку глава тоа што некој ме прави чудовиште.  Не сум мизерен, ниту сум жртва, но не сакам кога некој се преправа дека е жртва а не е.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Ана е во ред, многу се изнервирав што Марина започнува со фактот дека е премногу грижлива мајка. Па, нормално е да си грижлива мајка, не треба да зборуваш за тоа, да се фалиш. тоа е сосема природно и нормално. Не плукај по таткото на твоето дете, јас никогаш нема да кажам ништо за тебе, не мора се да излегува во јавност. Секогаш кога ќе и се јавам да го видам детето таа не е таму, секогаш излегува нешто, или „не сега“ или „не го прави ова“. Во ред, тогаш, кога може. Не сакам да правам проблем, ќе почекам кога ќе може.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Ме прашува: „А каде ќе го носиш, со кого,?“. Многу ме нервира. Имам дете, те прашувам со кого одиш и каде го носиш детето? Тој е мое дете како и твое. Да, но таа забранува Барбара да биде во близина на детето. Што згреши таа девојка за да не треба да се сретне со мојот син, не разбирам?!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close