Кафе муабет

Дали е можно? Драгана Мирковиќ има МИЛИОНИ, а ќе се изненадите колку скромно живее нејзината сестра Душица!

Таа и е најголема поддршка на пејачката...

Сестрата на Драгана Мирковиќ и е голема животна поддршка на пејачката, а таа ретко се појавува во јавноста и живее скромен живот.

Фото Фејсбук Душица Крумов

Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ важи за жена која целото внимание несебично го посветува на своите најблиски, и особено е приврзана за сопругот Тони и децата Марко и Мануела со кои го поминува секој слободен момент.

Фото Фејсбук Душица Крумов

Исто така, пејачката е исклучително поврзана со сестрата Душица Крумов. Имено, сестрата на Драгана Мирковиќ толку многу личи на пејачка, што некој може да помисли дека се близначки. Душица не се појавува и не се експонира во јавноста, а малкумина знаат дека е сестра на популарна фолк ѕвезда.

Фото Фејсбук Душица Крумов

Иако се оддалечени стотици километри, Драгана и Душица се голема поддршка една на друга, а Душица практично е десна рака на пејачката, па таа е постојано со неа. Иако фолк ѕвездата има милиони, кои воопшто не ја промениле, нејзината сестра живее нешто поскромно, но подеднакво квалитетно.

Фото Фејсбук Душица Крумов

Инаку, Душица зборува се најдобро за својата сестра. Сестрата на Драгана Мирковиќ своевремено за време на гостувањето на една телевизија откри детали од нивното детство, велејќи дека Драгана била одлична ученичка, и дека се истакнувала со учење и талент, но и дека го сакала фолклорот.

Фото Фејсбук Душица Крумов

Сестрата на пејачката и е од голема помош во работата, односно таа и е десна рака на телевизијата и сета важна работа ја работи кога Драгана не е во можност.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Инаку неодамна и пејачката зборуваше за секојдневните обврски и животот во своите четири ѕида и откри дека и покрај парите сепак таа е голема домаќинка, живее скромно, сака да готви и да поминува време со семејството.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Драгана Мирковиќ одамна се здоби со статус на регионална ѕвезда. Иако ужива голема популарност и живее како принцеза, таа не крие дека во својот замок во Виена пред се е мајка, сопруга, па дури и домаќинка.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Пејачката зборуваше за секојдневните обврски и животот во своите четири ѕида. Бидејќи за голем концерт е потребна голема организација, таа не крие дека тоа и е најголемиот стрес.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Имаме многу повеќе стрес околу самата подготовка, отколку да излеземе на сцена и да пееме, тоа е најлесниот дел. Сè пред концертот е многу стресно – рече Драгана, па се сети како поединци уште во 2014 година и се налутија поради концертот.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Имав проблем кога организирав концерт во Арената бидејќи сите билети беа распродадени, а некои новинари се лутеа што не можам да им дадам билети, а јас навистина немав – вели пејачката која исто така важи за една од најприземните јавни личности од почетокот на нејзината кариера.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Иако е на естрадата со децении, популарноста и славата не ја променија. Таа сè уште ги прави сите работи што ги научила од нејзините родители и не се двоуми да ги засука ракавите и да ги демонстрира своите кулинарски вештини во својот замок.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Јас сум совршена жена, сакам се да подготвувам. Сакам тестенини, но немам проблем да влезам во кујна и да готвам. Уживам во се што е својствено за секоја жена затоа што искрено штета е жената да не знае да приготвува храна, мислам дека би требала да се срами. Не можам да кажам дека го правам сето тоа, или дека готвам секој ден, имам помош дома, но сакам да учествувам, особено кога се во прашање празниците, уживам во готвењето, почнувајќи од декорацијата.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Сега колку сум добра домаќинка незнам, не би претерувала со тоа – рече Драгана и додаде:

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Јас сум апсолутно нормален човек кој сака се што на луѓето генерално им се допаѓа и правам се што прават останатите луѓе.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Иако важи за една од најбогатите естрадни уметници сепак не го заборава родното село Касидол, кај Пожаревац, па таму оди секогаш кога тоа и го дозволуваат обврските.

фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close