Кафе муабет

Грашо и Хана направија прослава далеку од очите на јавноста- повторно ги изиграа новинарите?

Направија крштевка...

Петар Грашо и Хана Хулиќ во јули минатата година го добија своето прво дете, ќерката Алба.

фото инстаграм/Петар Грашо

Како што беше објавено од хрватските медиуми, во петокот на 17 февруари гордите родители ја крстиле  ќерката Алба.

фото инстаграм/Петар Грашо

Крштевката на Алба Грашо, за која првпат се наслушна на почетокот на оваа година, беше закажана за 19 февруари, датумот на венчавката на родителите Хана Хуљиќ (32) и Петар Грашо (46). Сепак, парот од Сплит се предомислил, во последен момент се реорганизирале и наводно ја крстиле ќерката Алба два дена порано, во петокот на 17 февруари во Сплит.

фото Стори.рс

По крштевката во сплитскиот ресторан Пимпинела бил организиран ручек на кој присуствувале само потесното семејство и кумовите.

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

Тончи Хуљиќ претходно потврди дека крштевката ќе се организира на 19 февруари.

– Ќе биде на важен датум за Хана и Грашо, и затоа заборавив на Денот на вљубените – изјави тогаш Тончи.

фото инстаграм/Дино Раѓа

Да потсетиме, Хана и Петар станаа родители на малото девојче Алба минатата година кон средината на јули. И додека се шпекулираше дека минатата есен, откако Хана се опорави од породувањето, ќе има мега прослава со околу петстотини гости, сепак не се случи ништо од тоа.

фото принтскрин/инстаграм

Се шпекулираше дека фустанот за крштевката на Алба ќе го дизајнира модниот креатор Арилео од Сплит, кој ја креирал венчаницата на Хана во стилот на педесетите и дека напорно ќе работи на стајлингот на неа и ќерката на Грашо.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

Тончи Хулиќ неодамна откри дали има совет за својот зет Петар Грашо, кој летово стана татко и ја доби ќерката Алба со неговата наследничка.

фото принтскрин/Инстаграм

– Нема совет, нема прирачник. Само те малтретираат на интернет со ова и она. Верувам дека добро ги воспитав моите деца и дека моите деца денес се добри, одлични луѓе. Хана и Петар го воспитуваат тоа дете онака како што мислат дека треба да се воспитува. Јас и Вјекослава дополнително учествуваме во тоа, нормално дека сме тука, можеби сме и малку пренаметливи, но посилно е од нас,рече Тончи.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Додава дека во улогата на дедо ужива како во ниедна друга досега. Вјекослава исто така посочи дека нејзината внука Алба и недостасува секој ден што не го поминуваат заедно.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

– Сето тоа ми е прекрасно, некако ми дојде како нормална низа, како уште едно чудо. Нешто убаво, нов вид на љубов што целосно ме маѓепсува. Таа е прекрасно насмеано суштество кое ми носи светлина, рече писателката и откри дека Хана не побарала совет од неа за мајчинството.

фото инстаграм/Шоубизз

-Не и давам совет бидејќи прекрасно се снајде како мајка, природно чувствува што треба да се направи, објасни таа.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close