Дом и семејство
Гоца Тржан на петто Ин-витро: „Се обидуваме да го излажеме Бога, резултатите ќе ги знаеме за неколку дена“!
Пејачката не се откажува...
Иако е во петтата деценија од животот пејачката Гоца Тржан не се откажува од желбата да има дете со сопругот Радомир Новаковиќ (33).
Бидејќи оваа желба на пејачката е потешко да се оствари отколку што се надеваа, тие го продолжија процесот на ин витро оплодување. Тоа беше причината што Гоца неодамна се повлече од фестивалот „Песна за Евровизија“, каде што требаше да настапи со песната „Фиљ“.
Таа пред две недели по петти пат беше на ин витро, овој пат во Прага, а деновиве го чека резултатот.
– Кога ќе доживеете разочарување, велите дека нема повеќе. Секој кој не поминал низ процесот на ин витро оплодување не знае како е тоа чувство. Се надеваме, сакаме и ќе се обидеме пак, па што ќе биде. Ние не се откажуваме. Не знам дали пак ќе одиме во Прага. Задоволна сум со себе, исполнета, немам причина да бидам несреќна. И јас не сум жена која така лесно се откажува. Се додека не е ризично за мојот живот, ќе се трудам. Имам едно дете, ќерката Лена, која расте и треба да се грижам за неа. Најважно е да сум здрава – рекла Гоца.
Таа признава дека целосниот процес, како и прифаќањето на неуспехот, е емоционално многу исцрпувачки.
-Секогаш кога се надеваш, и кога не успеваш, од тебе се очекува да паднеш. Сепак, не сакам да се откажам, иако хормонските терапии кои го придружуваат процесот не се воопшто лесни. Сакам да верувам дека тоа е можно бидејќи верувам дека јас и мојот сопруг заслужуваме бебе. Многу е важно на сето ова да му пристапите позитивно, а и да не успее, не значи дека тој и јас сме помалку вредни како луѓе. Одамна се помирив со тоа – вели Гоца.
Околу 18 отсто од паровите во Србија имаат проблеми со планирањето на посакуваната бременост, а за околу 50 отсто од нив единствениот прифатлив метод е ин витро оплодувањето, кое се препорачува само кога другите, поедноставни методи не дале резултат. Гоца зборува на оваа тема за да посочи дека тоа не треба да биде табу.
– Многу парови не им откриваат ни на своите семејства дека одат на ин витро оплодување бидејќи на Балканот постои примитивен став дека оние кои природно не можат да зачнат се помалку мажи или жени, дека помалку вредат, што е целосна заблуда. Докторските совети се тука пресудни затоа што се обидуваме да го измамиме Бога, да ги измамиме околностите што нè снашле. Ако успееме да ја измамиме судбината, ќе успееме – изјавила пејачката за Глорија.
Не се плаши дека премногу ќе се експонира при јавните настапи на оваа тема.
– Немам проблем со тоа. Долго сум на сцената и знам што можам да откријам и како може да се разбере. Имам многу повеќе слоеви отколку што изгледа. Сè анализирам и никогаш не би направила нешто што би ги повредило моите најблиски. Отворено зборувам за ин витро оплодување бидејќи сакам да им помогнам на сите оние парови кои ги трпат истите болки и им посочувам дека нема причина да се срамат од ништо – рече Тржан.
Во таа мисија и надеж за потомството ја има поддршката од сопругот и ќерката Лена од првиот брак.
– Лена разбира се и ме поддржува. Често толку добро го анализира мојот проблем што ме изненадува, ме размрдува и ми покажува како да се позиционирам. Таа е моја поддршка, како што сум и јас нејзина, и поради неа морам да истраам и да се борам за моите идеи бидејќи така и давам пример.