Кафе муабет
Голема радост за баба Маријана – ова е најемотивниот момент во нејзиниот живот
Маријана го прослави првиот роденден на својата внука
Маријана Новачевска имаше посебна причина за славење.
Маријана по овој повод сподели и први фотографи од внуката Ева која се роди минатата година точно на Велигден.
„Среќен роденден локумче, душичке, срцуленце наше, Наше се. Да си здрава, жива, среќна и весела“, напиша гордата баба под симпатичните фотографии што ги сподели на својот профил на социјалните мрежи.
Меѓу првите се огласи и нејзината сестра близначка
„Принцеза наша… Цел живот нека е среќна и насмеана заедно со своите најмили и најблиски“, напиша баба Росана во коментарите.
Нејзиниот син Филип заедно со сопругата Анастасија го прославија најважниот ден во нивниот живот, денот кога ја добија малата Ева.
Тие за роденденот го украсија својот дом, така што нивната наследничка се најде во вистинска бајка веднаш откако се разбуди.
Домот беше украсен со розови балони, а покрај тортата која исто така беше во розови нијанси се наоѓаше и голем балон во форма на бројот еден. Балонот означуваше колку години полни малата славеничка.
Покрај декорацијата, мама Анастасија се погрижи и нејзината ќерка да има посебна торта, од која Ева беше воодушевена.
Погледнете како изгледаше убавата славеничка:
„Најискрена благодарност до сите за вашите желби, честитки и благослов.
Ева е весела, торпедо во лазењето по земја, не трпи капа на глава, многу си ја сака баба Летка, јаде се што ќе и дадеш, ама се мршти со лимонот, сака да крши наочари и посебни моите, чорапчиња на нозете ЈОК…
Сака да дели бакнежи кога ќе ја види прабабата Гоца, заводливо се насмевнува со тета Меги…
Посакувам да се радосни, да ви се живи, здрави и весели децата, внуците и сите околу вас… Чувајте ми се“, напиша Маријана.
Погледнете во галеријата детали од прекрасниот ден во нивниот дом:
Инаку, Маријана покрај синот Филип ја има и ќерката Магдалена која што ја роди откако се пресели во Австралија.
Пејачката во оваа земја преку седум мориња денес работи како искусна стоматолошка сестра, асистент.
Маријана во последно време често се дружи со уште една наша позната пејачка на народна музика која веќе неколку години живее во Австралија. Имено, Маријана и фолк-пејачката Татјана Лазаревска пред само неколку дена повторно споделија фотографии на кои се заедно и уживаат во дружбата.
Погледнете и некои од овие фотографии…