Кафе муабет
Голема прична за славење во домот на Онур и Шехерезад: Најпопуларниот турски пар неможе да крене глава од честитки!
Али славеше роденден...
Турската актерка Бергузар Корел вчера имаше посебна причина за славење. Имено, тој вчера го прослави својот 12-ти роденден на нејзиниот син Али.
Затоа убавата актерка на својот Инстаграм профил му испрати емотивна порака на синот.
-Али мој.. мое сонце. Во овој живот најмногу го сакам мајчинството. Благодарение на тебе. Ти го промени мојот свет. Исклучително сме среќни што си наш син, се чувствуваме привилегирани затоа што ти ги осветлуваш наште животи. Нека никогаш не престанат сочувството, толеранцијата, емпатијата и ентузијазмот што ги чувствуваш во животот. Мое сонце, Али. Ти благодариме илјада пати за светлината и среќата што ја внесе во нашите животи пред 12 години. Ти благодарам што постоиш. Биди среќен оваа година. Јас и ти заедно, напиша Бергузар и ја сподели првата фотографија на Али.
Потсетуваме, брачната двојка Бергузар Корел и Халит Ергенч во ноември минатата година ја добија својата прва ќерка по синовите Али и Хан, која среќните и горди родители ја крстија Лејла.
Турската актерска двојка која имавме можност да ја погледнеме во серијата „1001 ноќ“ неодамна по трет пат се остварја во улогата на родители.
Актерката реши јавно да го сподели своето лично искуство од третото раѓање и посочи дека секое породување е разлилно.
“Приказната на Лејла беше посебна од првиот ден. И покрај силната болка што ја чувствував, на прагот од болницата реков дека нема да го родам ова девојче до 10 часот. На крајот од 40-та недела, докторот ми објасни дека тоа беше причината зошто нашата девојка сè уште не беше подготвена.
„Можеби папочната врвца е прекратка“, рече тој. Часовите минуваа и моето тело беше целосно подготвено за бебето да излезе. Сепак, таа одлучи да не држи во неизвесност. 11 болни часови поминати во болница Лејла се роди точно во 10 часот – како што мислев. Се роди со папочна врвца завиткана околу вратот и ме спречија да ја земам во раце. Иако се беше подготвено, Лејла се роди кога таа беше подготвена“, рече Бергузар.
Актерката во објавата сподели и неколку фотографии од породувањето, а со тоа, покажувајќи храброст, порача дека секое бебе е различно, а со тоа и – секое раѓање.
“Не планирајте ништо. Ова е нешто што си оди по својот пат. Важно е да имате искусен тим и лекар со кој вашата приватност и здравјето на бебето ќе бидат пред се”, рекла актерката.
Бергузар и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч (Сулејман Величествениот) се во среќен брак од 2009 година, а покрај девојчето Лејла, имаат и две момчиња, Али и Хан.