Кафе муабет
Голема причина за славење во домот на “македонската Ким Кардашијан”: Агнеса неможе да крене глава од честитки- ќерката Вивиен донесе голема радост во семејството!
Гордата мама се пофали на социјалните мрежи...
Познатата скопска инфлуенсерка која важи за една од најубавите жени кај нас, Агнеса Органџиева вчера имаше голем повод за славење.
Имено нејзината постара ќерка Вивиен Ордановска донесе радосна вест за целото семејство.
Вивиен беше примена на Универзитетот во Нова Горица- Словенија а гордата мама сето тоа го сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.
-Горди сме што ја искачи и оваа скала на успехот. Те сакаме! напиша Агнеса во описот на фотографијата која ја сподели а во објавата го означи и поранешниот сопруг, Роберт Ордановски со кого ги има Вивиен и помалата ќерка Тифани.
Во едно интервју за нашиот портал, Агнеса истакна дека е доста сериозна и одговорна и дека з анеа децата се центарот на универзумот.
-Практикувам сè да е по распоред …хранење, капење, спиење, игри, бидејќи за мене секогаш е важен и корисен режимот. Можам и слободно да се наречам кралица на игрите. Иако на изглед наликувам на поладна личност, вистината е дека за мене моите деца се центарот на универзумот и секоја моја акција ја правам во име на нивната среќа.
-Среќата на децата не се постигнува со постојано исполнување на нивните желби, моите деца си имаат свој свет, свои правила и се трудам да им биде магичен. Секогаш заедно се договараме и заедно работиме на остварување на некоја желба… тие се толку скромни деца што се радуваат на мала ситница и сум горда на тоа што знаат на мала работа да бидат среќни, нивната насмевка ми е најважна и нивниот поглед кога знам дека сум ги направила среќни.
-Не постои поголема жртва од онаа што ја нарекуваме мајка и што таа се прави за нас. Секоја мајка е среќна кога знае дека нејзините деца се здрави и кога знае дека се на прав пат. Секоја мајка е среќна кога и нејзиното дете е среќно.
Агнеса тогаш истакна дека нејзина најголема желба е нејзините ќерки да заминат во некоја од европските држави на школување, па сега може да се каже дека Вивиен го исполни сонот на мама.
Денеска Агнеса сподели и видео од улиците на Словенија и револтирана како што вели од некултурата во нашата земја посвети статус во кој посочува дека Македонија во моментот е најскапа држава, а посочи дека сето тоа е нејзин заклучок како личност која постојано патува.
-Каде сме ние Македонијо од оваа култура !!!
Е за ова јас би казнувала дебело, не да поставувам полиција на секој кош и за банални работи да казнувате. Патарини од Скопје до Куманово 100 денари? А тек да треба да се помине цела Мк? Јас толку возам со кола низ Европа… вакво чудо немам видено… Македонија во моментов е најскапа држава од храна па се до понатака да не бројам знаете сите, а платите и пензиите па најмали? Криминалот владее на големо… хаос.. после младите бегале па еден упис во средно или факултет децата чекаа редици за да подадат документи? Еве мојата ќерка сето тоа го заврши (електронски)без никаков проблем, без чекање редици и малтретирање… кај нас мора да има сархазам секако. Сакам да ви кажам исто дека ги запознав професорите, секретарот на Универзитет, ректорот на Универзитетот неможев да верувам колку се сите дружељубиви, колку топло добредојде имавме, каков пречек, каква насмевка дури сите имаат, истите не однесоа на ручек со големо задоволство… а кај нас какви се професорите кон нашите деца? За да положи испит мора под раче да му се даде…. па да трчаш да го молиш… ахххх…Далеку сме од секоја чистота почнувајќи од душите се до улиците, напиша Агнеса на социјалните мрежи.