Кафе муабет
ГО НОСИ ЕПИТЕТОТ НАЈЗГОДНА БАБА НА БАЛКАНОТ: Неда Украден и во осмата деценија од животот изгледа совршено- ја откри тајната на витката линија
Има три внуци и е горда баба...
Пејачката Неда Украден зад себе има повеќе од 50 години импресивна кариера, а сега откри како гледа на титулата најсекси баба на Балканот.
Таа за хрватските медиуми ја откри и тајната на нејзината добра линија.
– Одржувањето на добра форма и нешто што сте го наследиле како подарок може да се одржува само преку дисциплина – диета и вежбање. Особено кога сте во зрели години. Секако, не е секогаш лесно бидејќи не живееме уреден живот во кој се може да се испланира. Но, доволно е да бидете свесни за тоа, но и емотивната среќа и исполнетост се важни- вели Неда.
А кога се споменува како најубавата баба на Балканот, има коментар кој и носи насмевка на лицето.
– Тоа име најзгодна баба секогаш ме засмејува, но тоа воопшто не ми пречи, особено бидејќи сум многу горда на моите внуци. А зборот баба е најубавиот збор на светот – вели пејачката.
Неодамна Неда за време на гостувањето во една телевизиска емисија, откри дека според неа совршенот маж треба да е шармантен, образован и забавен маж.
Пејачката има една ќерка Јелена од бракот со познатиот режисер Милан Билбија.
Нивната љубов траеше 10 години, а потоа следуваше развод. Поранешниот сопруг на Неда почина пред 8 години, а пејачката еднаш откри дали повторно би стапнала на лудиот камен.
– Да го немам овој ум, ќе можев. Но велам, се обидов, видов, не успеав, некако сфатив дека немам што да барам, дека ќе бидам несреќна. На почетокот, сите се полни со разбирање, сите не сакаат затоа што сме интригантни, фини, згодни, привлечни, еротски, невротични. И тогаш почнува реалноста и разоткривањето, па почнуваат да се случуваат драми, колку си подготвен, внимателен, тактичен, одговорен, совесен и колку и да си пријател, толку врски функционираат – изјави Неда во емисијата „Магазин ИН“ пред неколку години и додаде:
– Доколку прерасне во суета, докажување, тогаш не чини. Се работи за тоа дали имате сојузник, пријател, партнер или некој на кој се докажуваш. Класичен судија за прекршоци кој ве испрашува.
Да потсетиме, Неда и Милан се запознале кога пејачката имала 18 години, а тој 14 години постар од неа. Во бракот ја добија ќерката Јелена од која пејачката има три внуци.