Кафе муабет
Го водеше најгледаното кулинарско шоу “Пеколна кујна”: Сопругата го остави со три деца- еве како изгледа денес Саша, нема да го препознаете!
Повторно се врати на ТВ екраните...
Саша Мишиќ, многумина го паметат по најгледаното регионално кулинарско шоу „Пеколна кујна“ кое се емитуваше на телевизија Алфа.
Саша беше страв и трепет за готвачите, и никогаш не штедеше на критики но и секогаш даваше издржани совети.
Целта на ова шоу беше преуредување на угостителските објекти, а Саша детално ги анализираше недостатоците, и на крајот заедно со тимот од избраниот локал правеа целосна трансформација.
Но бидејќи долго време се нема појавено во медиумите, многумина се прашуваат дали семејната драма што се случувала во неговиот живот остави трага на изгледот на Саша Мишиќ.
Имено, целосен пекол во неговиот живот се случил во 2011 година кога сопругата го оставила со три мали деца, а неговото признание предизвика големо внимание во јавноста.
– Со месеци живеам како самохран татко на три деца. Мојата сопруга Катрин не се снајде во улогата на мајка во Србија, бидејќи таа улога изгледа сосема поинаку во Германија, од каде што доаѓа. Таа одлучи да живее овде бидејќи сакавме децата да растат во услови кои веќе ги нема во Германија – изјави тогаш Саша, кој долго време живеел во Германија каде покрај готвењето научил и како да организира бизнис во угостителството што е можно подобро.
Мишиќ верувал дека работите ќе се подобрат и дека неговата сопруга сепак ќе се врати, но три години подоцна Центарот за социјална работа му ги одзеде децата и старателството и припадна на нивната мајка Катарина Грујнинг иако Мишиќ организираше протест барајќи да му бидат вратени децата.
Јавноста беше лишена од епилогот од семејниот спор кој стигна до суд, а Саша Мишиќ се повлече од јавноста, за да се врати на малите екрани и повторно да реализира своја емисија „Туристички експерт“ на телевизија „Балкан трип“.
За потребите на шоуто тој го обиколува целиот Балкан, а ако се земе предвид изгледот на Саша Мишиќ кој има седа коса, би се рекло дека и на професионален и на приватен план се му оди одлично и дека среќата и љубовта ги нашол покрај новата избраничка со која има дури пет деца.