Кафе муабет

Гej аферата која 15 години ја дрма јавноста: Ги фатила Грашо и неговиот кум заедно па завршила на психијатар

Викторија Раѓа се пошегува за аферата меѓу нејзиниот сопруг и пејачот...

Поранешната манекенка и мисица Викторија Раѓа (45) неодамна гостуваше во емисијата „Да бидеме искрени“ и се осврна на озборувањата кои таа и денес ги памети, а кои кружеа пред 15 години.

фото инстаграм/Викторија Раѓа

Имено, се шушкаше дека нејзиниот сопруг Дино Раѓа (55) и пејачот Петар Грашо (46) биле повеќе од пријатели и тоа токму во моментот кога Викторија и кошаркарот го чекале своето второ дете.

фото инстаграм/Викторија Раѓа

– Тие озборувања се луди. А ова со Дино и Петар, кога излезе, реков, ќе одам кај оној кој го измислил тој трач  и ќе му бакнам рака затоа што ни го развесели животот. Начинот на кој ние се зафркаваме со тоа е генијален – признала низ смеа и додала дека ги фатила неодамна.

фото инстаграм/Викторија Раѓа

-Завршив на психијатрија, завршив во болница и се породив поради шок, а тогаш го носев моето второ дете Нико. Навистина бев бремена тогаш и до нас стигнаа тие озборувања и навистина го родив Нико на 27 февруари, поради Петар Грашо, навистина се породив. Навистина е крив Петар Грашо што тогаш се породив затоа што толку се изнасмејавме, толку се шегувавме што јас се смеев и ми пукна водењакот од смеење – рекла Викторија.

фото инстаграм/Викторија Раѓа

Исто така, таа откри дека гинекологот потоа и потврдил дека водењакот и пукнал од смеење. Во болницата во Петрова два дена по породувањето, застанала на прозорецот и ги гледала фоторепортерите.

фото инстаграм/Викторија Раѓа

– И во исто време во Сплит, пред психијатрија ме чекаа други фоторепортери да излезам! – изјави Викторија.

фото инстаграм/Викторија Раѓа

Викторија беше Мис Далмација во 1995 година, а истата година го запозна Дино во познат ресторан во Загреб. Тие се венчаа во 2001 година на брод во заливот кај Корчула, а заедно ги имаат синовите Роки и Нико. Покрај тоа, Дино го има и синот Дуја од бракот со кошаркарката Жељана.

фото инстаграм/Викторија Раѓа

Да потсетиме кум на свадбата на Грашо и Хана, беше токму Дино Раѓа а тој сподели низа фотографии под кои имаше лавина од коментари. Еден кој особено привлече внимание беше оној каде една од следбеничките на Дино напиша дека и е жал за Данијела, па тој стави крај на гласините кои се ширеа долго време, и откри дека таа го оставила Грашо.

фото инстаграм/Петар Грашо

– Зошто ти е жал, па таа го остави? – напиша тој и дискусијата продолжи во коментарите.

фото инстаграм/Петар Грашо

Инаку Грашо и Хана пред неколку емсеци ја добија својата ќерка Алба.

фото инстаграм/Дино Раѓа
фото инстаграм/Петар Грашо
ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм
ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close