Новости
Врие од коментари за овој стајлинг на бремената Луна Џогани: Погледнете како таа го смени имиџот!
Луна Џогани блеска во бременоста
Луна Џогани ужива во првата бременост, а тоа може да се види и по фотoграфиите кои ги споделува на социјалните мрежи.
Таа важи за добро стилизирана девојка, а со последната фотографија која ја сподели доби многу позитивни коментари за стајлингот во бременоста.
Луна беше фотографирана во едно сосема невообичаено издание за неа, додека беше во посета на еден салон за убавина во друштво со своето куче, кое обично го носи со себе насекаде.
Новиот стајлинг на Луна, предизвика емоции и реакции кај многумина, кои тврдат дека мајчинството ја разбудило нежната страна кај неа, забележувајќи дека ставила акцент на розовата боја, но и дека сега носи покомотна облека. Покрај тоа, сè беше крајно координирано – топло и пријатно, што секако и прилега на една млада бремена жена.
Пред извесно време, Луна, победничката од втората сезона на ријалитито Задруга на својот Јутјуб канал обелодени дека е во блажена состојба и откри дека со нетрпение очекуваат да станат родители со нејзиниот вереник Марко Мијковиќ, иако претходно не ни помислувале на тоа.
На големо задоволство на семејството и пријателите, бебето ќе пристигне следната година, а Луна и Марко веќе разговарале и за можните имиња.
Двајцата имаат различни желби, а полот сè уште не е познат.
– Што се однесува до мене и Марко, чувствувам и верувам дека тој е човекот со кого би сакала да бидам до крајот на животот и дека нашето дете, а дај Боже да ги има повеќе, ќе порасне во здраво семејство.
Желбата на Марко е ако е машко, да се вика Лука, а моја ако е девојче да се вика Миа. Се согласивме дека, какво и да е бебето, син или ќерка ќе ја има првата буква од моето или името на Марко – изјави неодамна Луна за „Свет“.
Луна е постојано активна, па луѓето честопати можат да ја гледаат како купува и да посетува козметички салони.
Оние кои ја познаваат дури коментираат дека стомакот на Луна веќе се гледа, но дека таа сè уште вешто го крие со широката облека.
Луна и Марко беа целосно изненадени од веста за бременоста, а ријалити ѕвездата по овие информации јавно призна дека забременила додека биле на годишен одмор.
Патувањето што го продолжија по свршувачката резултираше со прекрасни вести, иако двајцата не планираа да се реализираат како родители.
Неодамна во врска со бременоста на Луна, се огласи и нејзината мајка, познатата пејачка Анабела Атијас со која не разговараа по излегувањето од шоуто , а едно време и не се следеа на Инстаграм.
Анабела не ја одобруваше врската на Луна со Марко, па не и ја честиташе ни веридбата што се случи пред месец дена.
Но мајката и ќерката, по веста дека е бремена изгледа ги решија проблемите, па Анабела и јавно се огласи по повод веста дека ќе стане баба.
„Пресреќна сум. Не можам да верувам дека моето бебе ќе биде нечија мама, изјави Анабела за „Блиц“ и додаде:
„Без врска ми е од тоа да правиме циркус, не ме сфаќајте погрешно. Она што го објавив на Инстаграм, го направив за да не морам на сите повторно да им објаснувам, Прерано е да се прави било каков циркус и да се изнесуваат детали, а сто пати ми се јавија на телефон. На Инстаграм напишав нешто што е сосема нормално за сега и во вакви околности“, изјави Анабела, пишува порталот „Србија Денес“.