Кафе муабет

Во нејзиниот дом не се слушна детски плач: Погледнете во каков луксуз живее Лепа Лукиќ- една соба особено и значи, а од ова сознание ќе ви надојдат солзи

Има посебна соба за својата кукла...

Во 2004 година, Лепа Лукиќ се пресели во простран стан во Жарково и тоа како што откри во една прилика на барање на нејзината мајка, на која многу и пречела градската гужва, особено звукот на трамвајот во Дорчол.

фото Фејсбук/Лепа Лукиќ

Мајката на пејачката во тој период била многу болна, и на неа и била потребна посебна грижа, па нејзината ќерка Лепа, не размислувала многу да го продаде имотот во центарот и да се пресели во периферијата, каде што стекнала прекрасни пријатели кои и помагаат во средувањето и украсувањето.

фото Фејсбук/Лепа Лукиќ

– Мајка ми не можеше да спие ноќе. Затоа решив да го продадам тој стан и да купам во периферијата. Многу ми се допадна овој, бидејќи е простран, има четири соби и голема тераса од која се гледа цел Белград. Многу ми се допаѓа и никогаш повеќе не би живеела во центарот. Воздухот е подобар, и многу ми е важно што сум на првиот кат, бидејќи од кога се сеќавам се плашам од лифтови – изјави претходно Лепа за медиумите и додаде:

фото Фејсбук/Лепа Лукиќ

– Се средував сама по сопствен вкус и согласно моите потреби. Кога се преселив купив нови работи, а никогаш не побарав помош од стручњак за уредување на просторот за живеење, бидејќи мислам дека можам сама да ја завршам работата.

фото Фејсбук/Лепа Лукиќ

Домот на Лепа Лукиќ е украсен со прекрасна црвена кујна во која таа го поминува можеби дури и поголемиот дел од своето време бидејќи обожава и знае да прави секакви дијаконии.

фото Стори.рс

– Готвам многу добро и често ги учам моите пријатели да прават некои од моите специјалитети. Неодамна почнав да јадам според правилата кои беа воспоставени врз основа на мојата крвна група. На секои три месеци одам на тест каде што лекарите одредуваат која храна можам и не можам да ја јадам. Се хранам здраво, купувам брашно од овес или хељда и си правам леб, можам да јадам телешко, мисиркино, пилешко и коњско месо. Има и специфични видови на овошје и зеленчук што можам да ги јадам – ​​вели Лепа.

фото Стори.рс
фото Стори.рс
фото Стори.рс

Една од собите е целосно опремена за куклата Милица која пејачката ја доби од „Емоушн“ по излегувањето од реалното шоу Велики Брат. Тоа катче и е свето.

фото Фејсбук/Лепа Лукиќ

Лепа сака мир и тишина, што е разбирливо со оглед на нејзините години и работата со која се занимава, но вели дека има младалачки дух.

фото Фејсбук/Лепа Лукиќ

-Не ги разбирам луѓето кои се затвораат во домот и не се грижат за ништо друго. Кога ќе се изморам од патување и настапи, сакам да се одморам во мојот стан, но по неколку дена дома барам друга занимација. Не одам во кафеани, но затоа сакам да пазарувам и да посетувам трговски центри со моите повеќедецениски пријателки, Надица Брекиќ и Мира Ковачев. Трите одиме секаде заедно, а кога сум на пат ми ја чуваат куќата. Кога мајка ми беше болна се грижеа за неа, љубовта меѓу нас е обострана, многу се сакаме – заклучила таа.

фото архива

Се мажеше три пати

Лепа гордо ги носи своите години а нејзиното добро здравје и младост се должи на нејзината весела природа, силниот имунитет и генетиката што ги наследила од нејзината мајка.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Родена е на 16 јануари 1940 година во селото Милочај кај Краљево. Кога имала две и пол години го загубила татко и Радисав, кој загинал во сообраќајна несреќа.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Мајката Милосија почина во 2007 година на 94 години, а постариот брат Ратко во 2006 година.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Како дете сакала да пее пред огледало и да смислува кореографија која го надополнувала нејзиниот настап. Нејзината мајка ја носела на натпревари каде што победувала, како и на радио аудиции што се одржувале на први секој месец.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Кариерата и започнала кога таа пеела на гроздоберот во Александровац каде и пришол композиторот Петар Танасијевиќ и и понудил да ја сними песната „Од извор два путика“.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Таа склучила договор со продуцентската куќа ПГП-РТБ која и обезбедила стан на улицата Сараевска со договор дека ќе го исплати од продажба на плочи што и се случи следната година.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Како што во неколку наврати призна и самата таа во Белград дошла гола и боса со огромна амбиција да успее во животот. Тогаш започнува нејзината богата уметничка кариера. На територијата на поранешна Југославија нема човек кој не слушнал за Лепа Лукиќ.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Иако ги остварила повеќето желби, таа не можела да има деца поради здравствени проблеми. Меѓутоа, од нејзиниот покоен брат има деца кои ги смета за свои и се грижи за нив.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Во 2011 година учествуваше во реалното шоу „Двор“, а во 2015 година влезе во „Фарма“. Таа тврди дека она што ја одржува е тоа што луѓето ја бараат и дека сепак им е интересна. Таа редовно настапува а и покрај тоа што е во поодминати години гласот и е ист како на почетокот на кариерата.

фото инстаграм/Лепа Лукиќ

Зад себе има 3 брака со луѓе кои ги сакала со целото свое срце. Иако и понудиле лесен живот кој ретко кој би го одбил, таа не барала моќен маж, ниту се согласила да се откаже од музиката.

фото Фејсбук/Лепа Лукиќ

Од првиот сопруг Томе го задржала презимето, но и страста за коцкањето, која им го уништила бракот. И покрај големата љубов, тој не сакаше Лепа да биде пејачка и секогаш се закануваше дека ќе се појави на нејзин настап и ќе направи хаос. По седум бурни години таа се разведе и продолжи со животот.

фото Фејсбук/Лепа Лукиќ

Таа седум години беше во брак и со вториот сопруг, поп менаџерот Влада Перовиќ, по што се разделија.

фото Фејсбук/Лепа Лукиќ

Тврди дека и го оставил целиот имот и земал само 200 одела и 2 автомобили.

фото Фејсбук/Лепа Лукиќ

Нивниот брак заврши неславно во моментот кога Лепа го фати како ја изневерува во нивниот дом. Пејачката во една прилика ја опиша ситуацијата кога ги најде Владо и неговата љубовница во кревет.

фото Фејсбук/Лепа Лукиќ

– Реков дека одам во странство десет дена да пеам. Ме одведе до аеродромот. Се бакнавме. Јас, како наводно, заминав, но се вратив истата вечер. Ги најдов додека се соблекуваа во спалната соба. Неа ја избркав! Таа ме молеше да и ја дадам облеката, а јас не и ја дадов. После тоа и ја фрлив гардеробата по скалите и ја избркав надвор – рече Лепа во свој стил.

фото Фејсбук/Лепа Лукиќ

Во 1999 година, за време на турнејата во Канада, таа го запознала Милан Милановиќ, со кого се омажила една година подоцна. На почетокот не и се допаѓал многу, но таа сфатила дека не е рамнодушна кога тој не дошол на нејзиниот настап. Таа тврди дека најважно и е да има пријател со кој ќе може да разговара, да се смее и кој нема да ја спречи да го прави она што најмногу го сака.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close